Македонија
Министерот Бочварски најави силен инфраструктурен развој на општините
Со 20 милиони денари реконструираме две улици во Неготино преку проектот за „Поврзување со локалните улици во општините”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Неготино.
„Капиталните проекти во општините се од огромно значење за урбаниот развој и локaлната еконoмија и затоа Владата ќе продолжи да ги поддржува локaлните самоуправи преку разни владини програми“, истакна министерoт Бочварски.
Тој заедно со грaдоначaникот Тони Делков извршија увид во изградбата на социјaлната згрaда, како и реконструкција на две улици во општината.
„Со градоначалникот го потпишавме договорот за реконструкција на улицата Антигона во должина од 1900 метри и улицата Едвард Кардељ во должина од 560 метри. Ове е дел од проектот за Санација и изградба на локалните улици и патишта што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски. Вкупната вредност за реконструкција на овие улици изнесува 20 милиони денари и очекуваме дека за десетина месеци комплетно да бидат реконструирани. Исто така со градоначалникот извршивме увид во изградба на социјалната зграда. Очекуваме овие 62 станови комплетно да бидат завршени за приближно два месеца, а потоа министертвото да распише јавен оглас за распределба”, изјави министерот Благој Бочварски.
Министерот додаде дека преку ЈП за државни патишта се работи и на двата моста на патниот правец Лакавица – Неготино, а во летниот период започнува и реконструкција на патниот правец Неготино -Глишиќ.
За градоначалникот инвестицииите во општината ќе го подигнат развојот на локалната самоуправа и економијата, како и подобрувањето на животот на гарѓаните.
„Со завршување на овие две улици, преку буџетот на општината ќе реконструираме и неколку други улици во градот и населените места. Исто така со заем од Светска банка обезбедивме средства од 19, 8 милиони денари за санација на 9 улици во градот. Преку Владата дополнително ќе реконструираме една улица во село Тимјаник, како и изградба на водоводна мрежа во село Требник. Имаме план и за изградба на јужна и северна обиколница Неготино”, изјави градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

