Македонија
Спасовски за „Дело“: Полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ
Мигрантската криза и илегалните миграции, борбата со организираниот криминал и сите други форми на криминал, патот на балканските држави кон ЕУ и нивната улога во спречувањето на криминалот во Унијата, беа дел од темите на кои се осврна во интервју за словенечки „Дело“ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Спасовски во однос на криминалните структури нагласи дека Балканот со својата геостратешка положба е привлечен и за криминалците, што предизвикува големи проблеми. Поради тоа, Спасовски смета дека е важна секоја иницијатива за регионално поврзување во борбата против организираниот криминал. Важна е брзата размена на информации меѓу државите.
За миграцијата истакна дека ако ги споредиме нашите бројки во првите четири месеци од оваа и од минатата година, ќе утврдиме дека има за 17,2 проценти помалку обиди за илегално преминување на границата. И тука, подвлече Спасовски, важно е да имаме заедничка политика, но Западен Балкан може ефикасно да се справи со илегалните миграции само со заедничка политика на ЕУ.
Прашан колку интеграциите во ЕУ се важни за борбата со криминалот во регионот, Спасовски подвлече дека полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ.
„Нашата позиција е јасна: ние сме на европскиот пат и притоа сме доследни. Мнозинството граѓани сакаат да влеземе во ЕУ, целиот регион нема алтернатива во однос на членството во ЕУ. Ќе сториме сè за да ја постигнеме целта и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Се надевам дека ќе се случи поместување уште пред почетокот на словенечкото претседателство на Советот на ЕУ“, истакна министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

