Македонија
Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив
Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, додавајќи дека, сепак, не може да каже точно каков ќе биде исходот од самитот на ЕУ и дали ќе ги почнеме преговорите со Унијата, бидејќи присутни се разликите со Бугарија.
„Ја слушнавме позицијата на Макрон и другите лидери. Прашањето за овој регион се сведува на Северна Македонија. Ако не се одговори позитивно, се создава сомнеж во регионот за проширувањето на ЕУ“, вели Османи.
Тој потенцира дека Владата и на билатерална основа комуницира со Бугарија, а дипломатите на двете држави се обидуваат да ја организираат втората меѓувладина комисија и да го договорат акцискиот план, ако биде изнајден договор.
Единствениот предлог на маса, како што рече Османи, е португалскиот, за којшто Владата смета дека е добра основа за решение. Предлогот предвидува мониторинг од страна на ЕУ на имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 преку патоказ којшто има јасни рокови и институции одговорни за имплементација, а којшто ќе биде мониториран во рамки на Советот за асоцијација и стабилизација, што се одржува еднаш годишно. Секој заклучок од Советот мора да биде одобрен со консензус од сите земји членки, објасни Османи.
„Владата не бега од обврските за исполнување на Договорот за добрососедство и без ЕУ мониторинг. Сепак, доколку тоа значи повеќе доверба на Бугарија дека имплементацијата ќе биде одржлива, тогаш Советот за асоцијација и стабилизација е добро решение“, рече Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

