Забава
Бенифер, втор дел: Џеј Ло во страстен бакнеж со Бен Афлек
Џенифер Лопез и Бен Афлек се фотографирани како разменуваат страсни бакнежи очигледно потврдувајќи ги неколкунеделните шпекулации дека повторно ја разгореле романсата што доминира во медиумите за славни пред речиси 20 години.
Фотографиите на папараците излегоа во „Њујорк пост“ во понеделникот, 14 јуни. Двајцата актери се бакнуваат среде оброк во суши-ресторанот „Нобу“ во Малибу западно од Лос Анџелес.
Весникот пишува дека Бен излегол на ручек со Џенифер и нејзиното семејство во неделата.
Претставниците на Лопез (51) во понеделникот одбија да коментираат, а публицистите на Афлек не одговорија на барањето за коментар.
Лопез и режисерот на „Арго“, Афлек, парот што медиумите го нарекуваа Бенифер, стана еден од најомилените и најфотогрфирани во светот на славните во раните 2000 години. Тогашната романса ја обележаа нивните луксузни автомобили и големиот свршенички дијамантски прстен. Тие нагло ја прекинаа свршувачката во 2003 година и се разделија неколку месеци подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.
Забава
(Видео) Ен Хатавеј доживеа незгоден момент во шоуто на Џими Фалон
41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.
Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“
“We don’t read. This is the Tonight Show. You wanna go over to Stephen Colbert if you wanna get people that read books.”
You could hear a PIN DROP I’m fucking crying help ??? 💀 pic.twitter.com/0B6Q0b53jY
— Taylor Robinson (@finelytaylored) April 30, 2024
Одговорот на публиката беше – целосна тишина. Од нејзиниот израз се виде дека е засрамена и шокирана од недостатокот на реакција на публиката, но Џими Фалон веднаш се вклучи за да ја спаси.
Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекина тензијата во студиото, а публиката и актерката се насмеаа.