Македонија
Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено
Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти. Од денеска е дозволено и одржување настани на отворено со 1.000 посетители, како и свадби, прослави и веселби на отворен простор.
Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:
– престанува да важат забраната и посебниот режим на движење лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија;
– се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувачниците и други објекти што во негов склоп даваат угостителски услуги, а за време на работното време се дозволува работа само на отворените делови – терасите од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат-клубовите;
– Владата донесе заклучок да се дозволи одржување настани на отворено со 50 % од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број посетители до максимум 1.000 посетители;
– во согласност со препораката на Комисијата за заразни болести, од утре е дозволено организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50 % исполнетост на капацитетот на отворениот дел наместо максималните 100 гости како што беше досега;
– Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект, во кој има прослава, да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора, која води регистар на свадби, прослави и други веселби.
Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да најде простор за поддршка на одлуката за поголеми плати
Како и секогаш до сега кога се во прашање важни одлуки како зголемување на платите, СДСМ повторно не може да најде простор за поддршка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека очигледно е дека повеќе би сакале да молчат, отколку да признаат дека нашата влада презема вистински чекори.
„Шегата на страна, ВМРО-ДПМНЕ сериозно се грижи за граѓаните и затоа ја донесе одлуката за зголемување на платите, за подобрување на животниот стандард на сите. Ова е важен чекор кој СДС, наместо да го игнорира, треба да го поддржи за доброто на народот. Молкот на СДС е уште еден доказ за нивната неодговорност и недостиг на визија. Граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат одговори и дела, а не плитки избрзани критики во слабост од луѓе кои за 7 години буквално ја уништија државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче
Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во Истражниот затвор Скопје. Тој поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување.
Поради хоспитализацијата на Видевски, Основниот кривичен суд Скопје ги отповика рочиштата за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски кои беа закажани за минатата недела, информирајќи дека судењето продолжува на следниот закажан термин на 14 октомври.
Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Македонија
Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд почина денеска во Охрид
Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска почина денеска во Охрид, каде учестувуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија, информираат од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.
Салмонд од 2007 до 2014 година беше прв министер на Шкотска.