Црна хроника
(Видео) Откриени насади на марихуана, приведени тројца скопјани
Полицијата откри насади на марихуана во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша и приведе три лица од Скопје.
Според информациите на МВР, вчера, околу 18 часот, во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, полициски службеници ги привеле А. Ш. (24), Р. К. (30) и И. Т. (26), тројцата од Скопје, поради сомнение дека одгледувале канабис сатива.
На локацијата каде што биле затекнати биле откриени 100-ина стебла насади канабис сатива, дел засаден во земја, а дел во саксии.
Пронајдените стебла со други предмети биле подигнати за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во Полициската станица Тетово. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

