Македонија
Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет
Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет.
Според планот за имунизација, како што посочи министерот, дневно ќе се вакцнираат од 15.000 до 20.000 граѓани, со оглед на тоа што се очекува викендов да пристигне значајна количина на вакцини – 500.000 кинески дози од „Синовак“, како и значителна количина на Фајзер преку механизмот Ковакс.
„Досега се вакцинирани нешто помалку од 300.000 граѓани, а во следниот период со новата количина на вакцини се очекува да бидат имунизирани уште 300.000 граѓани. Тоа се 50 проценти од вкупната популација која што планираме да се вакцинира, тука се исклучени децата. До крајот на летото верувам дека ќе добиеме процент за којшто може да кажеме дека е колективен имунитет. Секако, не знаеме како ќе влијаат мутациите на коронавирусот, но според искуството што ми го пренесе амбасадорот на Кина со делата сојот, таму и покрај интензивната вакцинација има заболени, но со лесна клиничка слика“, изјави Филипче на заедничката прес-конференција со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

