Соопштенија
Левица: Преговорите со Бугарија мора итно да прекинат

Заедничкото решение е најава за ново сериозно загрозување на македонската државност – преговорите со Бугарија мора итно да прекинат, реагира политичката партија Левица е по повод Самитот на ЕУ и спорот со Бугарија.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
„Во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ, каде ќе се одлучува за стартот на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ, на чиј пат стои препреката на Бугарија, ја предупредуваме јавноста дека и покрај тоа што премиерот Заев нѐ убедува дека не преговара ниту за јазикот, ниту за идентитетот, сепак, поучени од претходно, нема сомнеж дека спрема уште едно велепредавство! Впрочем, оттука и апсолутната нетранспаретност на Владата во однос на предлогот кој Заев скоро го достави до официјална Софија – трговецот на пиперки и бостан со амбиции да ја распродаде државата преговара токму за јазикот и историјата, поточно продолжува да го разнебитува темелот на националниот идентитет.
Изјавите од страна на претставниците на Унијата, дека таа е посветена кон изнаоѓање на „заедничко решенија“, не се ништо друго освен уште еден подол обид во замајување на македонската јавност, исто како што беше и случајот со Преспанскиот договор и воениот сојуз НАТО. Политичкиот естаблишмент, замајувајќи го народот, се обидува да му создаде илузорен призор за неговата „светла“ иднина, овој пат преку ЕУ. Заедничко решение кое штети само на едната страна не може да има! Проблемот е тоа што Бугарија, како и генерално самата ЕУ, не можат да го прифатат своето фашистичко минато. Додека пак, иднината на ваквата нереформирана ЕУ, е се’ поизгледна како колонија и жртва на британско – американските интереси, а на штета на целиот европски народ.
Во ваква консталација, преговорите со ЕУ на Македонија ќе бидат само заради и во корист на туѓи интереси. Дополнително, ќе се создадат можности за поткусурување со државата на македонскиот народ и нејзина понатамошна ерозија, како преку влијанијата однадвор (империјалистички политики на финансиско поробување), така и преку влијанијата одвнатре (поддршка на трибалистичките политики кои се во полн налет).
Зарем не видовме дека истите оние кои имаат полни усти со „европски вредности“, постојано (ќе) бараат и наоѓаат начини и преговори (за) членството во ЕУ да го искористат за лични интереси – за градење на нивните „дипломатски кариери“, за наоѓање на нови пазари и нови клиенти за распродажба на народниот имот, јавното здравство, националните и природните богатства. Впрочем, и самата Бугарија е најдобра потврда за тоа.
Јасно е дека нема да биде донесена конечна одлука од Совет на министри на ЕУ.
Сепак, таква одлука ќе донесат шефовите на држави и влади на седницата на Европскиот совет, која е закажана за четврток и петок во Брисел. Зарем не се истите овие лидери кои ја аминуваа одлуката на Владата за промена на Уставот и името на државата, како и погребувањето на АСНОМ-скиот карактер на Македонија, без за сето тоа да имаат референдумска одлука за поддршка и легитимитет; зарем не се истите овие лидери кои премолчуваа отворен поткуп и закани кон пратеници со цел нивно „убедување“ да дадат
поддршка за сите овие измени; Зарем, сите овие господа не се истите тие кои ги охрабрија Заевци да направат национално предавство со Преспанскиот договор, ставајќи ја државата во потчинета положба наспрема друга држава – што е кривична одговорност на дело кое не застарува и за кое овој пат нема да има можност за аболиција!
Сите овие години, од распадот на СФРЈ до денес, спроведувањето на нео-либералните политики, токму под диктат на меѓународната заедница, Македонија ја претворија во транзициска депонија покрај патот на „евро-атлантските стратешки цели“. Ваквиот, малтене, религиски занес на македонската јавност, во целост, ѝ создаде фанатични уверувања во фиктивен рај, преку привидението – членството во ЕУ.
Потребно е веднаш да се прекинат преговорите со Бугарија и во Собранието на Македонија, на дневен ред да се најде предлог – Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, која пратениците на Левица ја поднесоа уште во октомври минатата година. Претседателот на Собранието, неисполнувајќи ја деловничката должност која му ја налага функцијата, без нималку политичко достоинство, упорно ја задушува оваа наша иницијатива“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од Гази Баба каде се одржа граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ го обвини Христијан Мицкоски дека не сака реформи во правосудството туку го сака скроено по свој терк како во времето на Груевски и порача дека СДСМ нема да дозволи нови тефтеричња од белата палата.
„Тоа е нивната намера, да закочат сè за да го вратат судството како во времето на Груевски. Не знае ВМРО-ДПМНЕ да владее ако има независни институции. Па кој ќе ја покрива нивната неспособност? Кој ќе нарачува пресуди кога ќе бидат во густо? Тоа е проблемот, на Мицкоски му треба судството под контрола за да може да сее страв, да се заканува, да уценува, исто како што беше во времето на неговиот ментор Груевски. Затоа избега од подадената рака на СДСМ за реформи. Му реков, ајде да ги донесеме реформите тоа го бараат граѓаните. Бараат независно судство, европски реформирано судство. Ајде да ја вратиме довербата во институциите. Јас не се плашам од независно судство, ама изгледа се плаши тој. Пола влада со кривични пријави, пола партија со матни бизниси. Затоа не сака“, порача Филипче.
Филипче во Гази Баба исто така рече дека наместо правда и реформи, наместо судска фела и експерти, граѓаните добија само неправди по што испрати порака дека СДСМ нема да молчи ниту ќе дозволи партизација во судството.
„Сега јасно му порачувам да престане да се заканува што ќе правел по изборите. Да не мисли дека ќе му молчиме ако решил да го партизира судството. Тоа нема да се дозволи. Или ќе има темелни реформи па нека одговараат сите што грешеле или нови судии од тефтерчињата од Белата палата нема да дозволиме“, потенцираше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од Гази Баба.
Соопштенија
Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.
Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл.
„Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше партијата и си управува час од Дубаи, час од Струмица, да си ги штити бизнисите и слободата. А за да се случи тоа, си најми изведувач, и клучот за ова нивно сценарио се состои во контролираното судство и обвинителство, чии резултати ги видовме вчера. За сомнеж за криминал од 100 милиони во РЕК, за Марковски одлучуваат куќен притвор. И затоа СДСМ и ДУИ не гласа за смена на Љупчо Коцевски, затоа што тоа е последниот бастион на длабоката држава со која ќе расчистиме после овие избори“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски истакна дека противниците се нервозни бидејќи повторно ќе доживеат дебакл на локалните избори, бидејќи немаат програма и проекти, а единствено што нудат се демагогија и навреди.
„Токму за ова судство и обвинителство Филипче вчера кажа дека е професионално, иако досега видовме сè, само не професионализам. И знаат дека ова е последниот нивен крик и затоа се нервозни. На овие избори одат со гола демагогија и грст навреди и квалификации, наместо со програма и со проекти. И кажуваат дека се борат за нивниот дом, а нивниот дом не се вашите домови, туку се борат за заштита и спас на нивните украдени пари. И за да го направат тоа, знајте дека нема црвена линија која нема да ја распродадат и нема отстапка која нема да ја направат само за да стигнат до фотелја. Кога Филипче говори за црвени линии, тој говори за нов поклон и топка нафрлена кон Бугарија и ново газење на нашите македонски црвени линии. Тие добро знаат дека најголемата пречка за нивното лудило и отстапки сум јас, и оваа Влада во којашто се моите колеги, и затоа се фрустрирани и нервозни и затоа нивните апологети, како баби пред чешма, повикуваат на моја ликвидација, а тие од штабот на СДСМ не најдоа ни сила да се оградат од таквите нивни повици, што јасно ги покажува нивните мотиви. Но, од друга страна, барем народот гледа дека повиците за убиство, поклоните кон Бугарија и тезата дека судството со 2 проценти доверба се професионалци е понудата на оваа партија на овие избори е катаклизмична и затоа уверен сум дека на 19 октомври ги чека уште еден нов историски нов дебакл“, кажа Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за подобра иднина.
„Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин. И затоа, оваа вечер ви велам изборот е наш, и тој избор ќе ја одреди иднината. Не се плашете од предизвиците, не се двоумете пред лагите, затоа што нашата сила е во тоа што сме исправени, чесни и што знаеме за што се бориме. Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина за која ќе бидеме горди! Ајде да покажеме дека кога сме обединети, никој не може да нè запре“, истакна Мицкоски.
Соопштенија
Сарамандов: Во Гевгелија ќе се реализираат две големи инвестиции кои ќе овозможат над 500 нови вработувања

Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник за општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и ги истакна реализираните проекти за неговиот четиригодишен мандат, од областа на комуналната, патната инфраструктура, проекти за заштита на животната средина, образованието, спортот, културата.
„Горд сум што Гевгелија се развива во успешна, модерна и урбана заедница. Реализиравме повеќе капитални проекти од областа на комуналната и патната инфраструктура, проекти за заштитата на животната средина, образованието, туризмот, спортот и културата. Горд сум што во тек на реализација се две инвестиции во Гевгелија, кои во наредниот период ќе овозможат над 500 нови вработувања, горд сум што Гевгелија се развива во успешна, модерна и урбана заедница. А, со макотрпна работа успеавме да ги реализираме ветувањата на кои се обврзавме пред нашите сограѓани во 2021 година“, истакна Сарамандов.
Во врска со изборната програма Сарамандов истакна дека таа е јасна, конкретна и гарантира развој на општина Гевгелија, и наброи дел од приоритетните проекти за наредните четири години.
„Таа е реална, јасна, конкретна и гарантира развој на општина Гевгелија. Заедно со членовите на Советот ќе ги реализираме ветувањата за доброто на сите наши сограѓани. Секундарен влез и излез во градот преку улицата „Борис Кидрич“, реконструкција на улицата „Маршал Тито“, изградба на Кеј на Вардар, изградба Нов „Парк на Мирот“ на потегот кај Сува Река, нов фудбалски стадион во урбан блок 5 – „Касарна“, Модерен Градски Плоштад. Во програмата се обврзуваме и на други суштествени проекти за нашите сограѓани кои ќе ги реализираме во наредниот период. Реконструкција и проширување на патниот правец Динќут – Горничет, реконструкција на Пионерски дом во Гевгелија, изградба на трета фаза од каналот Рауљ, изградба на подземни контејнери во централното градско подрачје, реконструкција и целосна обнова на младинскиот дом во Миравци, изградба на фекален колекторски систем со пречистителна станица во Негорци“, посочи Сарамандов.
На крај Сарамандов ги повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, да гласаат за број 9, за нови проекти, напредок, и сигурност во општина Гевгелија.
„Мои гевгеличани, време е за вистинската одлука, време е за нови проекти и уште повеќе резултати. Да избереме напредок, сигурност и посветеност. Ве повикувам на 19 октомври масовно да излезете и да гласате за број 9 за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“!, дециден е Сарамандов.