Македонија
(Видео) СДСМ: За една година просечната плата пораснала за 10 отсто
Според официјалните податоци, просечната плата за месец април 2021 изнесува 28.438 денари, што е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година, рече на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска, која нагласи дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет преземаат ефикасни економски мерки.
„И во време на пандемија, светска економска и здравствена криза, платите не стагнираа, туку напротив, продолжија со растот. Наша цел како владејачка партија е да го оствариме ветувањето дадено пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат“, посочи претставничката на СДСМ додавајќи дека владејачката партија останува посветена на помош и поддршка на економијата и помош и поддршка на сите работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

