Македонија
Обвинителката Фетаи повредена во сообраќајка во скопски Чаир
Обвинителката Фатиме Фетаи е повредена откако синоќа околу полноќ имала сообраќајна несреќа во скопски Чаир. Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ на обвинителката ѝ биле констатирани лесни повреди. Возачот кој го управувал другото возило, немал никакви повреди и не бил пренесен во болница.
„На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата на улиците Македонско Косовска и Џон Кенеди се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘сеат ибица’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило ‘фолксваген поло’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш. (55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.
Фетаи била пуштена од болница, веднаш по прегледите.
Нема информација како дошло до сообраќајната несреќа. Познато е само дека освен повредите на Фетаи, причинета е и материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

