Македонија
Џафери со европратениците Шидер, Кучук и Валсман разговараше за европските интеграции

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба во хибриден формат со пратениците од Европскиот парламент, Андрас Шидер, Илхан Ќучук и Марион Валсман.
На средбата соговорниците се осврнаа на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, тековните активности во Собранието, како и на идните активности поврзани со Жан Моне дијалогот: Европски парламент – Собрание на РСМ.
Џафери се осврна на одличната организација на Самитот на претседатели на Парламенти: Европски парламент – Западен Балкан и можноста лично да се слушне гледиштето на сите засегнати страни за новата методологија на преговори со ЕУ, очекувањата од земјите аспиранти за членство, како и можноста да се остварат билатерални средби меѓу панданите.
Џафери ја искажа личната и колективната разочараност од одложувањето на датумот за почеток на преговори на Република Севррна Македонија со Европската Унија. Ги информираше европратениците за тековниот статус и напредокот што се постигна во процесот на усогласување на измените и дополнувањњата на Деловникот на Собранието и очекувањата од усогласувањето на мислењата на политичките партии на следната рунда на дијалогот.
Пратениците од Европскиот парламент подвлекоа дека и покрај пандемијата со Ковид-19, комуникацијата меѓу Собранието на Република Северна Македонија и пратениците од Европскиот парламент не е прекината; одржана е виртуелна средба со европратениците на која присуствуваа координаторите на политичките партии во Собранието, што е показател дека одлуките кои што се носат преку Жан Моне дијалогот се носат со консензус. Присутните изразија надеж дека преку имунизација на граѓаните активностите ќе се вратат во нормала и дека ќе се постигне дополнителен напредок во реформите кои треба да ги донесе Жан Моне дијалогот, особено преку одржување средба со физичко присуство.Тројцата пратеници ја изразија безрезервната поддршка за отворање на преговорите со Европската Унија за Република Северна Македонија и надеж дека евроинтегративниот процес ќе се движи во посакуваната насока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани

Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„За неколку години, оваа фирма доби над 200 милиони евра во тендери, а дел од тие пари потребно е да се истражат дали завршиле во фирмите на Заев и Филипче во Бугарија. Поради сиве овие местенки и испумпувања на буџетот, како и заштита од поединци од судството на Заев и Филипче, сопственикот на Марковски компани доби куќен, наместо затворски притвор.
Една од историско најголемите зделки во РЕК и ЕСМ, ја добила токму Марковски компани, од неверојатни 46 милиони евра.
Иако, на овој тендер се пријавиле и други фирми со 30% пониска цена, Заев и Филипче овој тендер му го доделиле на Марковски компани.“, се вели со партиското соопштение.
Прашањето кое остана неодговорено е каде завршиле овие дополнителни 30% средства, односно во бројка околу 14 милиони евра? Дали овие 14 милиони евра завршиле на сметка на фирми на Заев и Филипче во Бугарија? Зошто Заев и Филипче молчат?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„На ваков начин СДС работеше долги година на власт. Тендери си делеа неколку луѓе од врвот, како Заев и Филипче, а потоа си ги делеа и си инвестираа во фирми. Од друга страна, беа заштитени од страна на судството и обвинителството, кое тие го држат под контрола. Затоа, ги повикуваме граѓаните, да го поддржат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор. Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, завршуваат од владејачката партија.
Македонија
Последна седмица од кампањата за локалните избори 2025

На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено активности во Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и во Струмица.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обрати на прес-конференција што ќе се одржи во 10:30 часот во неговиот Штаб наспроти „Тренд“ во центарот на Скопје.
Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата ќе даде изјава за медиумите во Градски парк кај Кермез во 11:30 часот.
Со почеток во 12:00 часот, кандидатот на Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе одржи прес – конференција во неговиот изборен штаб на плоштад Скендербег.
Прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје денеска напладне ќе одржи потпретседателот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на која ќе се обратат и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, и кандидатот за градоначалник на Јегуновце, Насир Абази.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 16 до 22 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.