Македонија
Ласовска: Штетниот закон за учебници е повлечен, на ред е оставка на Мила Царовска
Вчера со повлекувањето на предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали за основно и средно образование победи разумот наспроти ароганцијата на Мила Царовска, истакна Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги искористила сите можни и пред сè демократски права кои ги нуди Деловникот на Собранието да го спречи носењето на овој, како што вели, штетен и дискриминаторски закон.
„И покрај инатењето и ароганцијата на министерката Мила Царовска како пратеници нема да дозволиме обезличување на идните генерации и експериментирање со најважната категорија граѓани, а тоа се учениците. Таканаречената реформа, да се менува на ваков радикален начин концептот на учење преку исфрлање на хартиени учебници и сето тоа во време на пандемија кога бројот на ранливи категории на граѓани е огромен, мораше да заврши на ваков начин“, рече Ласковска.
Додаде дека како пратеничка група и покрај повлекувањето на законот, будно ќе ја следат ситуацијата бидејќи СДСМ и Мила Царовска можеби повторно тактизираат само за да се повлече иницијативата за референдум која беше покрената од граѓански иницијативи и повторно да го вратат овој закон во Собрание со злоупотреба на европското знаменце.
ВМРО-ДПМНЕ порча дека министерката Мила Царовска треба да си даде оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





