Македонија
Нови 11 случаи на Ковид-19, почина пациент од Македонски Брод

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.723 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19, од кои пет во Скопје, три во Тетово и по еден во Битола, Берово и во Пехчево.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти – по двајца од Скопје и Битола.
Пријавено е 1 починато лице од Македонски Брод (43 години) во болнички услови.
Направените 2.723 тестови се преку: ИЈЗ – 76, ЦЈЗ Скопје – 35, ЦЈЗ Битола – 45, ЦЈЗ Прилеп – 24, ЦЈЗ Тетово – 15, ЦЈЗ Куманово – 23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 4, ГОБ „8 Септември“ – 5, Институт за микробиологија – 37, МАНУ – 47, „Жан Митрев“ („Филип Втори)“ – 56, „Авицена“ – 323, „Биотек“ – 175, „Систина“ – 53, лабораторија „Лаор“ – 157, „Синлаб“ – 12, „Ремедика“ – 17, „Плодност“ – 32, „Генеа“ – 14, „Никоб лаб“ – 516, „ВФВ медикал“ – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.050.
Досега во земјата се направени вкупно 884.593 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68.674, активни 63
Куманово 8.882, активни 10
Прилеп 8.327, активни 6
Тетово 7.252, активни 17
Битола 6.307, активни 4
Велес 5.474, активни 4
Гостивар 5.181, активен 1
Кавадарци 5.155, активни 2
Охрид 5.019, активни 11
Штип 4.960, активен 1
Струмица 4.120, активни 6
Струга 2.981, активни 0
Кочани 2.792, активни 0
Кичево 2.596, активни 13
Гевгелија 2.195, активни 0
Неготино 2.184, активни 0
Свети Николе 1.524, активен 1
Ресен 1.234, активни 0
Крива Паланка 1.227, активни 2
Радовиш 1.161, активни 0
Берово 1.032, активни 3
Делчево 973, активни 0
Дебар 942, активен 1
Виница 886, активни 0
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 667, активни 0
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 400, активни 0
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 377, активен 1
Македонски Брод 359, активни 0
Пехчево 269, активен 1
Македонска Каменица 249, активни 0
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше посочен oд Велибор Манев како човекот кој го зел ранецот со пиштолот и моторолите – клучни докази за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор. По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени“, велат од Обвинителството.
Се додава дека со цел проверка на наводите, јавниот обвинител обезбедил и судски наредби со кои биле извршени претреси на две локации, а се преземаат и други истражни дејствија.
Со цел обезбедување на осомничениот до завршување на постапката, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање, како и да се определи повремено да се јавува кај службено лице во судот.
Од Обвинителството појаснија дека истрагата против ова лице претставува посебен предмет кој не влијае на судската постапка за двете грабнувања и убиства која е во завршна фаза.
Македонија
Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека насилството во Советот на Општина Кочани што се случи пред два дена е сценарио за дестабилизација кое што актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и неговиот претходник, Зоран Заев, го смислиле во Дубаи. Пратеникот Бране Петрушевски рече дека доказ во таа насока е и тоа што Филипче досега не побарал оставка од Акиов.
„Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Тепачот на Филипче имаше една единствена цел, да ја разгори омразата во Кочани, која СДС преку партиски прес-конференции и соопштенија со денови ја зовриваат. СДС целно оди кон дестабилизација во Кочани. СДС ја злоупотребува трагедијата и траорот на луѓето, за ситни политички поени. Втората фаза на планот на СДС е да продолжи тензијата во Кочани и да продолжи насилството“, рече Петрушевски.
Акиов и советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Алексов, пред два дена во Советот влегоа во вербална конфронтација по што Акиов замавна со пластично шише полно со вода, кое заврши во главата на вработена во Општината. Акиов потоа преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека Алексов го испровоцирал целиот настан, и и’ се извини на вработената во општината за ненамерно нанесената повреда.
Македонија
(Видео) СДСМ го повика Обвинителството да отвори нова истрага за случајот со сертификатот на Христовски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара нова истрага од страна на Обвинителството за јазичниот сертификат на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, по истражувањето на БИРН.
Портпаролката Богданка Кузеска истакна дека за јазичниот сертификат Христовски полагал од дома, додека во интервјуто за македонски медиум Христовски рече дека полагал преку јазичното студио „Јулија“ во Пловдив.
„Дали Христовски излажал за да покрие скандалот? Понатаму, трите дела од испитот, читање, слушање и пишување, Христовски ги полагал на ист датум, на 22 март 2022 година а делот „говорење“ го полагал пет дена порано. Тоа е спротивно на правилата на ЕТS, каде тестот трае околу два часа за сите четири дела, а паузите се забранети“, изјави Кузеска.
Дополнително, како што рече Кузеска, на самиот документ стои дека резултатите од сертификатот важат две години, значи март 2024 година, а Христовски беше именуван за директор во октомври 2024 година, што значи седум месеци по истекот на важењето. Очигледно, вели Кузеска, и приложениот сертификат од страна на Христовски е со помината важност.
Додаде дека клучен факт е тоа што кодот на тест-центарот наведен во сертификатот на Христовски не е од Пловдив, како што тврдеше тој, туку Софија и нема никаква врска со студиото „Јулија“ на кое се повикува директорот на АНБ. Дополнително, документот што го покажува неговиот резултат е верзија што може самиот кандидат да ја испечати, без никаква гаранција за автентичност од ETS, додаде Кузеска.
Партијата повика на отворање на нова, независна истрага за случајот Христовски. Понатаму, Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го отвори предметот бидејќи по Закон е надлежна. Обвинителството да побара од ETS – единствената овластена институција – да ги открие официјалните податоци за полагањето на Бојан Христовски. Јавноста да ја дознае целата вистина а сите инволвираи во овој скандал да одговараат.