Свет
Полицијата уби четворица осомничени за атентанот врз претседателот на Хаити
Четворица осомничени се убиени, а двајца се уапсени по атентатот врз претседателот на Хаити, Жовнел Моиз, соопшти полицијата.
„Тројца полицајци беа уапсени, но во меѓувреме ослободени“, рече командантот Леон Чарлс.
Нема објавено повеќе детали за потрагата по напаѓачите.
Моиз беше убиен вчеравечер во напад врз неговата резиденција во близина на главниот град Порт-о-Пренс.
Група неидентификувани лица, од кои некои зборувале шпански и англиски јазик, влегле во неговиот дом и го застрелале.
Неговата сопруга Мартина е тешко ранета и пренесена во болница во Мајами, изјави амбасадорот на Хаити во САД, Бокит Едмонд.
Амбасадата на Хаити во Вашингтон го опиша атентатот на Моиз како добро координиран напад од високо обучена и тешко вооружена група.
Локалните медиуми објавија дека напаѓачите се претставувале како офицери на Управата за борба против дрога на САД (ДЕА). „Извештаите за вмешаност во ДЕА се апсолутно лажни“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.
Хаити со години е во длабока политичка криза, а протестите против власта на Моиз ја парализираа земјата. Тој управуваше со земјата со декрет, без одржување избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

