Свет
Веќе нема шанси да се извлечат преживеани од урнатините во Мајами
Спасувачите што работат на урнатата зграда во американската држава Флорида го пренасочија фокусот на нивните активности од пронаоѓање можни преживеани во операцијата кон пронаоѓање тела на жртви откога утврдија дека нема шанси некој во урнатините и натаму да е жив.
Промената дојде денес, две недели откако зградата во Сурсфајд делумно се сруши на 24 јуни.
Помошник-шефот на пожарникарската служба во Мајами Дејд, Рајид Џадалах, на брифингот изјави дека начинот на кој паднала зградата, при што подовите се ределе еден врз друг, оставил многу малку простор за некој да може да преживее, објави „Гласот на Америка“.
Тој рече дека последниот познат аларм поради знаци на живот пристигнал во првите часови по уривањето на зградата и дека оттогаш кучињата трагачи, скенерите и камерите немаат регистрирано никакви знаци.
Градоначалничката на Мајами Дејд, Даниела Левин Кава, рече дека се пронајдени уште осум тела, со што бројот на жртвите се искачи на 54. Од нив, идентификувани се 33 лица, а 86 лица сè уште не се пронајдени.
Таа додаде дека фокусот сега ќе биде насочен кон помагање семејства што чекаат вести за нивните најблиски и дека ќе се вложат напори да се идентификуваат сите жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори
Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила близу 50 проценти од гласовите, потенцијално ставајќи крај на политичкиот ќорсокак што ја парализираше земјата.
Централната изборна комисија соопшти дека партијата Самоопределување освоила 49,79 проценти од гласовите откако беа пребројани гласачките ливчиња на околу 95 проценти од гласачките места. Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово се на второто и третото место со 21,18 проценти и 13,77 проценти, соодветно, додаде комисијата.
„Мора да дејствуваме што е можно побрзо за да воспоставиме институции“, рече Курти откако беа објавени прелиминарните резултати.
Тој ги повика опозициските партии да соработуваат во парламентот „во интерес на граѓаните и народот“ на Косово.
Свет
(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви
Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака.
Речиси 100 лица се повредени
Мексиканската морнарица соопшти дека возот со 250 лица излетал од шините во близина на градот Низанда. Речиси 100 лица се повредени, а 36 се однесени во болница.
Me informa la Secretaría de Marina que en el accidente del Tren Interoceánico lamentablemente fallecieron 13 personas; 98 están lesionadas, cinco de ellas de gravedad. Los heridos se encuentran en hospitales del IMSS en Matías Romero y Salina Cruz, así como de IMSS-Bienestar en…
— Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) December 29, 2025
Претседателката Клаудија Шајнбаум изјави на Икс дека петмина од повредените се во критична состојба.
Отворена е истрага за несреќата.
Свет
Макрон најави нов состанок на Коалицијата на волните
Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари за безбедносни гаранции за Украина како дел од мировниот договор со Русија.
„Ги собираме земјите од Коалицијата на волните во Париз на почетокот на јануари за да го финализираме конкретниот придонес на секоја од нив“, напиша Макрон на платформата Икс, откако претходно разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со други европски лидери.
Along with several other European leaders, I took part this evening in an exchange with Presidents @ZelenskyyUa and @realDonaldTrump. I then spoke with President Zelensky.
We are making progress on the security guarantees that will be central to building a just and lasting…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 29, 2025
„Правиме напредок во безбедносните гаранции што ќе бидат од суштинско значење за градење праведен и траен мир“, рече францускиот лидер.
Трамп и Зеленски укажуваат на напредок во преговорите
Објавата доаѓа откако Зеленски и Трамп разговараа во неделата во резиденцијата на американскиот претседател во Флорида. Трамп изгледаше оптимист, иако малку нејасен, за брзо решавање на конфликтот што беснее од февруари 2022 година.
Трамп и Зеленски на заедничка прес-конференција посочија дека е речиси постигнат договор за безбедносни гаранции меѓу САД и Украина.

