Македонија
Казнети 243 возачи во Скопје, 83 за брзо возење

Полицијата вчера казни 243 возачи во Скопје, од кои 83 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола. Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 57 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.
Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Кузеска: Нов скандал, братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква одговорност. Со ДПМНЕ и Панче Тошковски на чело на МВР, наместо ред и поредока, царуваат неказнивоста и селективноста, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
„На 20 април 2025 година, точно во 18:31 часот, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фаќа возило со преголема брзина, далеку над дозволената. Станува збор за ова возило „Мини Купер“ со скопски регистарски таблички, управувано од Далибор Стефковски — брат на градоначалникот на Гази Баба, Борче Стефковски. Тој воедно е и сопственик на автомобилот. Среде Скопје, братот на градоначалникот летал со 88 километри на час, иако дозволената брзина е 50 километри на час. Свиркачи од МВР ни доставија видео-снимка од радарот, на која јасно се гледа колку вози Стефковски среде Скопје“, кажа Кузеска.
Полицајците, како што појасни го стопирале за да го казнат за пребрзо возење, но тогаш Далибор Стефковски телефонски контактира со некој во МВР.
За само една минута, началник од МВР, кој според информации на СДСМ тогаш дури и не бил во земјата, се јавил на полицајците и им дал наредба: братот на градоначалникот да не биде казнет и да биде ослободен.
Бидејќи прекршокот веќе бил евидентиран, наредено им било казната да ја запишат на друго лице.
Така, казната, според Кузеска е издадена на лице со иницијали С.Ј., под налог број 07929.
„И оваа документација свиркачите ја доставија до нас, нема да ја објавуваме за да ги заштитиме. Секојдневно луѓе ги губат животите на улиците поради несовесни возачи, сообраќајки со тешки последици има на секој чекор. Сè уште се свежи болните спомени на трагично прегазената Фросина во Скопје. И што прават Тошковски и МВР? Наместо да обезбедат почитување на законот, ги штитат прекршителите — само затоа што се функционери на ДПМНЕ. Полна му беше устата на Тошковски со празни ветувања дека „секој ќе одговара“. Денес, гледаме дека тоа биле само лаги. „Брат да ми е, ќе одговара“ е најголемата лага на Тошковски. Законот за нив не важи“.
Ако за брат на фукционер на ДПМНЕ нема одговорност, како што рече Кузеска, што да очекуваат граѓаните кога станува збор за повисоките функцинери.
Таа додава дека функционерите на ДПМНЕ се над народот, над законите и над Уставот.
За нив, како што оценува, нема одговорност.
„Сите други се виновни, само тие не. СДСМ бара целосна истрага, одговорност за сите вмешани полициски службеници и санкции за сите инволвирани — почнувајќи од Панче Тошковски па надолу. Со Тошковски, законот не важи за функционерите на ДПМНЕ. Ова е безаконие. Време е за одговорност“, порача Кузеска.
Македонија
Во касарната „Илинден“ оддадена почит за загинатите бранители кај Вејце

Денеска, во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите припадници на баталјонот за специјални сили.
Во чест на загинатите припадници – постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и припадници од баталјонот за специјални сили, командите на единиците на Армијата, поранешни припадници на баталјонот за специјални намени и членови на семејствата на загинатите припадници на Армијата.
На денешен ден пред 24 години кај селото Вејце, во околината на Тетово, во одбрана на татковината загинаа осум припадници на безбедносните сили.
Македонија
Од сабота Скопје повторно се поврзува со Барселона, двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети

„Визер“ со субвенции од Владата од 3 мај ќе лета до Барселона и Лион.
До Барселона летови ќе има двапати неделно – вторник и сабота, а до Лион трипати – вторник, четврток и сабота.
Првиот лет од Скопје за Барселона, по тригодишна пауза, ќе се реализира в сабота во 18.50 часот. Двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи на „ТАВ Македонија“ и „Визер“
Меѓународниот аеродром „Скопје“ првпат се поврзува со Лион, Франција, кој е под заштита на УНЕСКО.
На крајот на март требаше да се почне да и летот Скопје – Дубаи, но е одложен за наесен.