Македонија
АХВ спроведе вонредни контроли во ресторани и сендвичарници во Охрид, Струга и Дојран
Во ек на летната туристичка сезона, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат вонредни, засилени контроли на операторите со храна во туристичките центри во земјава.
Во изминативе три дена, спроведени се вонредни контроли во Охридско – Струшкиот регион и во Дојран. Со засилените контроли, чија цел е спречување на евентуални труења и инфекции од храна, кои лесно можат да се случат како последица на високите температури, во наредниов период опфатени ќе бидат и останатите туристички центри во земјава, вклучително и планинските.
Спроведени се контроли во хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, маркети и други објекти, каде има зголемена фреквенција на туристи. Зајакнати контроли се спроведуваат и во малопродажните објекти во сите населени места.
Со вонредните контроли во Охридско – Струшкиот регион опфатени беа 89 оператори со храна. За утврдените неусогласености, најдена храна со поминат рок, лоши хигиено-технички услови, нерегистрирани оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство и др., издадени се 15 наредби за отстранување на утврдените недоследности, изречени се две забрани за вршење на дејност, 22 мерки едукација на операторите, а изречени се и 14 парични кзни. Како небезбедни, од страна на инспекциските служби на Агенцијата, уништени се 203 килограми храна.
Со спроведените вионредни инспекциски контроли на дваесеттина оператори со храна во Дојран, кај пет од контролираните оператори евидентирани се отстапувања во однос на HACCP плановите, отсуство или несоодветно означување на храната, особено на алергените и други неусогласености од помал обем. Изречени се 4 мерки за отстранување на утврдените неусогласености, 4 мерки едукација и 2 парични казни. Како небезбедни, во Дојран нештетно се уништени само 5,6 килограми храна.
„Во услови на зголемени температури, а со нив и зголемен ризик за расипување на храната, апелираме до граѓаните храна да купуваат од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, а како потрошувачи да внимаваат и на означувањето на производите и каде и како истите се чуваат“, велат од АХВ.
Граѓаните можат секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, но и лично, или на електронската пошта [email protected].
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

