Македонија
Османи за Сребреница: Настаните од јули 1995 година, кога беа убиени над осум илјади цивили, не смеат да се заборават
Настаните од јули 1995 година, кога беа убиени над осум илјади цивили, не смеат да се заборават, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во обраќањето за одбележувањето на годишнината на геноцидот во Сребреница.
„Оддаваме почит на илјадници невини жртви, на сите оние невини мажи и деца кои беа убиени во Сребреница пред 26 години и на уште поголем број на цивили кои, во обид да го спасат својот живот, беа принудени да ги напуштат своите домови. Настаните од јули 1995 година, кога беа убиени над осум илјади цивили, не смеат да се заборават, ниту фактите поврзани со него релативизирани, како гаранција дека истото нема да се повтори. Извлечените поуки за овој настан, како и заложбите за градење на траен мир и просперитет претставуваат надеж за идните генерации и регионот во целост”, нагласи Османи.
Европската перспектива за сите земји од регионот, додаде тој, е најголемата трансформативна енергија што ги придвижува нашите земји напред кон прогрес и реформи.
„Остануваме максимално посветени на градење хумани и демократски општества, во кои ќе владее правото и ќе се почитуваат човековите слободи и права, ќе за залагаме за промовирање на еднаквоста и почитување на различностите, на послабите и немоќните. Почитувајќи ги жртвите и бранејќи ја вистината, ние можеме да градиме иднина”, заклучи Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

