Забава
Саша Барон Коен тужи компанија за одгледување канабис, тврди дека не им дозволил да користат негов лик на билборд

Саша Барон Коен во понеделникот поднесе тужба против компанијата за одгледување на медицински канабис Solar Therapeutics, со седиште во Масачусетс, САД.
Британскиот комичар во судските документи тврди дека компанијата не добила дозвола да користи негова слика за рекламен билборд – со ликот на Борат кој со кренати палци извикува „Убаво е“.
Адвокатскиот тим за Коен (49) во судските документи наведува дека користејќи ја неговата слика како Бруно на билборд, компанијата лажно го рекламира неговиот имиџ, ги крши авторските права и го присвојува неговото право на публицитет, објави „Холивуд репортер“.
Адвокатот на Коен, Дејвид Кондон, во правните документи наведува дека Барон Коен никогаш не користел канабис во животот и никогаш не би учествувал во рекламна кампања за канабис, за која било сума пари.
„Со рекламниот билборд, обвинетите лажно ѝ пренесоа на јавноста дека господин Барон Коен ги поддржува нивните производи и е поврзан со нивниот бизнис“, наведува адвокатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Кошаркарката ги разнесе конкурентите: остави без здив иако е прв пат на пистата

„Викторијас сикрет“ одржа уште една незаборавна модна ревија. Покрај бројните познати модели кои едвај чекаа да носат ангелски крилја, меѓу нив имаше и едно не толку типично лице.
Angel Reese goes viral after stealing the show atpic.twitter.com/V7zM3OrG0e
— Shantanu Dwivedi (@Shantan21125143) October 16, 2025
Станува збор за кошаркарката Ангел Рис, која за прв пат во историјата на брендот ги „рашири крилјата“.
Иако не е професионален модел, таа прошета по пистата како целиот свет да ѝ е пред нозе. Носеше нежен чипкан комплет во бебешко розова боја со цветни детали.
Стајлингот го комплетираше со пердувест наметка, исто така во розова боја, а интересно е што беше украсена и со цвеќиња.
Изгледот го заокружи со минималистичка шминка во земјени тонови, но и со малку виткана фризура која се движеше во согласност со нејзиното одење по модната писта.
Покрај неверојатната фигура, кошаркарката покажа и заводлив поглед кој многумина ги остави без здив. Иако ова е прв пат да прошета по модната писта, најверојатно нема да биде последен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Луксузни облини ја тресат модната писта: ревијата на „Викторија Сикрет“ не можеше да пројде без неа

Ревијата на „Викторија Сикрет“ беше вистински спектакл за сите љубители на долна облека. Многу познати ѕвезди присуствуваа на овој моден настан, а дури и српската тенисерка Ана Ивановиќ беше во првите редови.
Ревијата ја одбележаа познати лица од светот на манекенството, меѓу кои и плус-сајз моделот Ешли Греам, која блескаше на пистата.
Ова е втор пат Ешли да носи ангелски крилја, и може да се каже дека повторно плени со својата убавина. За посебната вечер, таа избра црн градник и црни чипкани гаќички, а највпечатливиот дел од комбинацијата секако беа масивните црни пердувести крилја.
Ревијата ги истакна нејзините раскошни облини и природна убавина.
Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во земјени тонови, но и малку свиткани прамени коса што слободно паѓаа по нејзините рамена.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Јас сум човек кој ги сака врските, ги сакам жените“: сите љубови на Том Круз

Светот беше изненаден од веста дека Том Круз и Ана де Армас ја завршиле својата љубовна врска. Според извештаите на странските медиуми, актерите тргнале по различни патишта откако сфатиле дека „искрата исчезнала“.
Извор близок до двојката рекол: „Том и Ана се забавуваа одлично заедно, но нивното време како двојка заврши…“
two comments insinuating miles teller caused it…please yall he’s married 😭 https://t.co/gMuxJ7Gakn
— oak🎱oceans 🌊 (@getfutct) October 16, 2025
И се чини дека навистина тргнале по различни патишта. Ана беше видена со колегата на Круз, Мајлс Телер.
Ана и Мајлс – кој е во брак со Кили Спери – беа забележани како излегуваат од приватна теретана претходно оваа недела, но се качија во различни возила.
Сепак, се чини дека Круз брзо ќе ја преболи оваа врска, бидејќи ова не е прв пат љубовната искра да исчезне во неговото срце. Пред Ана, тој имал врски со многу познати и непознати дами.
„Јас сум човек кој ги сака врските. Ги сакам жените“, рече тој еднаш.
Па, да се потсетиме…
Бракот со Мими Роџерс
Мими Роџерс и Том Круз беа во брак од 1987 до 1990 година. Интересно е што токму Мими го запозна со учењата на Саентологијата.
Том и Мими се запознаа преку заеднички пријатели, а тој секогаш зборуваше за неа како за многу паметна девојка.
Врската со Никол Кидман го обележа светот на Холивуд
Само четири месеци по разводот од Мими, Том започна романса со Никол Кидман. Никол еднаш изјави за „Венити фер“ дека лудо, страсно се заљубила и била толку обземена од нивната врска што се откажала од својот животен план.
Посвоија две деца, Изабела и Конор, и станаа омилен пар на Холивуд. Хемијата меѓу нив беше толку силна што беше забележлива во еротскиот трилер „Очи широко затворени“. Сепак, нивниот брак заврши во 2001 година.
Трета среќа со Кејти Холмс? Сепак – НЕ!
Тој се ожени со актерката Кејти Холмс во 2006 година, а од тој брак ја доби ќерката, Сури Круз. Ни тој брак не траеше долго, а тие се разведоа во 2012 година.
Според TMZ, раскинувањето се должи на поврзаноста на Том Круз со Саентологијата и стравот на Кејти Холмс дека и нивната ќерка Сури ќе стане дел од оваа секта.
А што прави тој надвор од бракот?
Кога не е во брак, Том Круз сака да заведува на краток рок. Многу познати убавици го привлекоа неговото внимание, меѓу кои: Ванеса Кирби, Анабел Волис, Софија Вергара, Софија Бутела.
Сепак, се чини дека неговата врска со познатата поп дива Шер најмногу ја шокираше јавноста:
„Не се забавувавме долго, но дефинитивно имаше врска и одредена хемија“, рече пејачот во 2018 година.
Тој беше во врска и со Пенелопе Круз, која ја запозна на снимањето на трилерот „Ванила скај“ од 2001 година. Сепак, тие раскинаа во 2004 година.
фото: принтскрин