Македонија
Мицкоски: Најмалку 50 проценти од домаќинствата ќе бидат гасифицирани
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер на трибината „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Гази Баба го презентираше концептот „Македонија за сите луѓе“ чии политики предвидуваат најмалку 50 проценти од домаќинствата да бидат гасифицирани и да добијат приклучок на гас.
„Најголем процент на загадување на амбиенталниот воздух доаѓа од системот на затоплување на нашите домови, со промена на системот, односно со користење на гасот кој ќе биде овозможен од идната општинска и градска власт секое домаќинство ќе добие можност да избере бесплатен приклучок на гас коешто идното општинско или градско претпријатие ќе го изведе до секое домаќинство. Планот е во еден четиригодишен мандат најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, со тоа да се промени системот на затоплување на домаќинствата, а со тоа да имаме почист воздух и поздрави сограѓани“, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека оваа политика која е дел од концептот Македонија за сите луѓе е за да се обезбеди почист воздух за сите граѓани и здрава животна средина, преку менување на системот за затоплување во домовите кое е голем фактор за загадувањето на амбиенталниот воздух, и посочи дека почистиот воздух не дојде со „животот“ и ветувањата од градоначалниците од власта, но ВМРО-ДПМНЕ со нова методологија и политики истиот ќе го обезбеди за сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

