Македонија
Османи: Словенечкото претседателство ќе ја реафирмира европската перспектива на Западен Балкан
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се обрати на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции на која беа презентирани Програмата и Приоритетите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.
Османи на почетокот упати честитки за преземањето на водството со Советот на ЕУ од страна на Словенија, но и за силниот фокус кон земјите од Западен Балкан, за иницијативата да го организираат Самитот ЕУ-ЗБ, кој ќе вклучи важни теми како што се спроведувањето на Економско-инвестицискиот план, иницијативите за регионално меѓуповрзување и можноста за вклучување на регионот во работата на Конференцијата за иднината на ЕУ.
„Преземањето на водството со Советот на ЕУ од страна на Словенија доаѓа во многу важно време за самата ЕУ која продолжува да се соочува со бројни предизвици, меѓу кои секако и застојот на политиката на проширувањето и на потребата за реафирмација на европската перспективата за земјите од регионот на Западен Балкан“, истакна Османи при што посочи дека Словенија како непосреден сосед на регионот, не само што го познава, туку има и сопствен интерес и искрено сака да му помогне на регионот.
„Она што беше силен политички ангажман од страна на Германија прерасна во португалски предлог за надминување на разликите, кој сега се смета за предлог на претседателството со кое раководи Словенија. И во овие комплексни политички односи, тоа може да се нарече и една мала политичка придобивка: да обезбедиме константа во рамките на Претседателството со ЕУ, која ќе го држи нашето европско досие високо на Агендата на ЕУ, секако со фокус кон отстранувањето на блокадата од страна на Бугарија. Тоа претставува и важна порака дека Унијата не кренала раце ниту од земјава, ниту од регионот, туку активно партиципира во разрешувањето на предизвиците во овие земји“, додаде Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

