Македонија
(Видео) Koстадинов: Резолуцијата мора да биде согласно Уставот, за македонскиот јазик нема никакви преговори
Резолуцијата мора да биде во согласност со Уставот, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, прашан за резолуцијата што ја поднесе опозицијата во Собранието, а во која стоело името С Македонија, што за власта не е прифатливо бидејќи тоа не е уставното име на државата.
Костадинов вели дека Република Северна Македонија самите преговори во рамки на ЕУ ги води согласно уставното име и прифаќањето на резолуција со друго име може да направи штета.
„Нашиот став е сосема јасен, текстот на резолуцијата, таков каков што е, е прифатлив согласно Уставот. Овде се отвора прашањето дали со таквото прифаќање на резолуцијата како што тие ја поднесуваат може да направиме штета на интеграцискиот процес на Република Северна Македонија, дали можеби конечно од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигне над партиските интереси и ќе го прифати Договорот од Преспа со што навистина имаме одлична основа да ги зајакнеме и да ги заштитиме националните интереси“, рече Костадинов.
Како што додаде, преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик ниту имало, ниту има, ниту во иднина ќе има.
Тој рече дека како пратеник до вчера лично ја немал формално добиено резолуцијата.
„Кога ќе ја видиме резолуцијата во рамки на координација како пратеничка група ќе разговараме и ќе видиме каков ќе биде настапот како колектив“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

