Македонија
Обучени 300 негуватели за нега на 900 стари лица во нивните домови
Со проектот за подобрување на социјалните услуги, 300 негуватели ќе им даваат нега на 900 стари лица над 65 години во нивните домови.
Од Министерството за труд и социјална политика наведуваат дека со оваа социјална реформа се предвидува реализација на социјалните услуги, како што е помош и нега во домот на стари лица и давање услуги во дневен центар за лица со попреченост. Децата со попреченост во дневните центри ќе добиваат групна, индивидуална и окупациска терапија. Покрај работата со лицата со попреченост, предвидено е и советување и работилници и со родителите со цел тие полесно да се справуваат со своите деца во домашни услови.
„Социјалната реформа е една од клучните во системот на социјална заштита, чија стратешка цел е да обезбеди темелни промени во зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштијата и подигнување на квалитетот на живот во државата. Оваа реформа дава и конкретни резултати, обезбедува нови социјални услуги за корисниците и креира нови работни места, меѓу кои и за граѓаните од ранливите категории“, велат од Министерството.
Како дел од проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светската банка, социјалните услуги ги спуштаме на локално ниво, со цел нивна достапност и до најоддалечените места на живеење.
Преку проектот досега се склучени 19 договори за грант во кои се вклучени проекти во 24 општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

