Македонија
(Видео) Петрушевски: Законот за марихуана е закон за бизнисите на Заев
Власта сака да легализира криминал на Заев и тоа директно преку Собранието на Македонија преку злоупотреба на европското знаменце. Законот за марихуана е закон за бизнисите на Зоран Заев. Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Лиценците за канабис што се дадоа изминативе години се лиценци за прерaботка на масло од канабис и финален производ за медицински цели, но и не за извоз во форма на сув цвет од канабис, како што предвидува ова законско решение. Меѓу овие лиценци е таа и на семејството Заеви. Јавна тајна се сомневањата дека лиценците за преработка на масло од канабис се издаваа за 300 до 500 илјади евра, пари што се сомневаме дека завршуваа единствено во џебот на фамилијата Заеви. Законот на Заев за марихуаната го потврдува сомнежот дека ветувањето до компаниите одгледувачи на марихуана било и овозможување на извоз на цвет од канабис“, изјави Петрушевски.
Според опозицијата, власта носи закони со кои во Европа и во светот ќе станеме позната земја производител на марихуана.
Петрушевски од името на ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека ако законот за марихуана на Заев се донесе со европско знаменце и се изгласа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите идни закони што ќе дојдат во Собранието.
„Бидејќи овој предлог закон е најавен дека ќе се носи со европско знаменце, ја повикуваме и европската канцеларија во Македонија да излезе со став по однос на ова прашање“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

