Македонија
(Видео) Николовски: Со планот за конфискација на имот времето на избегнување на правдата станува минато
Во Клубот на пратениците беше промовирана Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023, чиј домаќин беше вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, а учествуваа и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
Николовски посочи дека усвојувањето на оваа Стратегија, како една од стратешките алатки за борба против корупцијата, е дел од активностите утврдени во владиниот план за борба против корупцијата.
„Некои од мерките во владиниот план за борба против корупцијата се значајни за ефикасна имплементација на активностите од Националната стратегија. Една од клучните мерки во планот е дигитализацијата на процесите, односно поврзувањето на надлежните институции на платформата за интероперабилност, со која се зајакнуваат оперативноста на институциите, нивната електронска поврзаност и навремената размена на податоци. Владата донесе одлука за зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства во државата. Паралелно, водејќи се од принципите на заштита на националниот имот, како и на државниот буџет, во фаза на подготовка е и предлог-закон за потекло на имотот, нешто што првпат го добива нашата држава. Времето на неказнивост, избегнување на правдата, изигрување на законите, полека но сигурно станува минато. Конфискацијата на имотот и противправно стекнатата имотна корист се императив за истерување на правдата до крај“, истакна вицепремиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

