Македонија
Апелација ги потврди пресудите – за Катица Јанева седум, за Бојан Јовановски девет години затвор
Апелациониот суд Скопје ги потврди првостепените пресуди во случајот „Рекет“, со кои поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, е осудена на седум, а Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на девет години затвор.
Судот соопшти дека ги одбил жалбите на Јовановски, Јанева и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција како неосновани.
Кривичниот суд ги изрече пресудите пред една година.
„Виновни се затоа што во периодот од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски со искористување на своето влијание над Катица Јанева, која е јавен обвинител во СЈО, преку претходни пријателски односи, влијаел да му се одреди поблага мерка куќен притвор, а притворот бил предложен и одобрен, да му се укине мерката претпазливост, да биде заштитен сведок. Во ова учествувал и осудениот Зоран Милески-Кичеец со договарање средби. За посредувањето добиле 1,5 милион евра“, рече тогаш судијката Васка Николовска-Масевска.
Судијката објасни дека Јанева за себе прибавила предмети и пари со незаконското постапување како прв човек на специјалното јавно обвинителство.
„Катица Јанева го прифатила влијанието од Јовановски и како јавен обвинител ја искористила својата службена положба и ги пречекорила границите на своето овластување. Таа за себе набавила предмети, мебел што за неа го набавил Бојан Јовановски, пари во износ од 50 илјади евра. Бојан Јовановски и Зоран Милески побарале 500.000 евра од Ана Камчева и таа им ги дала парите, а Јанева дала предлог да му се укине мерката на Камчев и да му се одреди мерка куќен притвор. Апелациониот суд донел одлука за куќен притвор, а за време на нејзиното издржување Јовановски и Милески го посетувале во неговиот дом. Катица Јанева била вклучувана на спикерфон, а велела дека обвинителката, која го работи случајот, ќе постапува како што ќе каже таа“, додаде судијката.
На Јовановски му беа ставени на товар две кривични дела, примање награда за противзаконито влијание за кое казната е една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело што му се става на товар, односно перење пари и други приноси од казниво дело. Јанева, пак, Обвинителството ја товари за злоупотреба на службената положба и овластувањето, а за кое е предвидена казна затвор од најмалку 3 години. Милески веднаш беше осуден на три години затвор за примање награда за противзаконско влијание по претходно признавање вина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

