Свет
Макрон нареди истрага за случајот со шпионскиот софтвер „Пегасус“

Францускиот претседател, Емануел Макрон, побара серија истраги за случајот со шпионскиот софтвер „Пегасус“, изјави премиерот Жан Кастекс за радиодифузерот „ТФ1“.
Изјавата на Кастекс следува по обелоденувањето дека телефонот на претседателот Макрон во 2019 година можеби бил цел на шпионскиот софтвер „Пегасус“, развиен од групацијата НСО со седиште во Израел.
Француски „Ле Монд“ објави дека телефонот на Макрон бил идентификуван како можна цел на шпионскиот софтвер „Пегасус“, кој неодамна се најде на насловните страници кога новинарска истрага откри дека бил користен за шпионирање илјадници политичари, бизнисмени и новинари во светот.
„Ле Монд“ посочи дека мароканските разузнавачки служби можеби ги шпионирале телефоните на Макрон, како и на тогашниот премиер Едуард Филип и на уште 14 министри.
Во исто време Кастекс посочи дека е прерано да се разговара за можната реакција на Франција додека не се дознаат сите детали.
Група од 17 истакнати медиуми и групи за заштита на човековите права во неделата објави извештај во кој детаљно се наведува како шпионскиот софтвер „Пегасус“, развиен од израелската група НСО, бил користен од клиенти поврзани со владата за хакирање најмалку 50.000 телефонски броеви во разни земји, вклучително и во Франција.
Групацијата НСО ги отфрли извештаите како „непотврдени теории“, истовремено изразувајќи сомнежи за доверливоста на изворите на истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).