Македонија
(Видео) Арсовски: Законот за марихуана е приватен закон на Заев за лично богатење на неговиот наркокартел

Законот за марихуана што Зоран Заев на сила го турка како предлог од Владата, кој сака да биде изгласан во Собранието, има крајна цел да го легализира бизнисот со марихуана на Заеви, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Овој закон, додаде тој, не е ништо друго, туку личен закон за бизнисите на Заев, што ќе му овозможи лично богатење нему и на неговата фамилија.
„Патем, тоа го прави со нова злоупотреба на европското знаменце, иако нема унифицирана европска регулатива за ова. Со овој закон Заев сака да овозможи, освен масло од канабис за медицински цели, да се легализира и трговијата со сув цвет од марихуана, односно она за што беше уапсен началникот на прилепската полиција, Чипсио, пред неколку месеци да стане нормално и секојдневие, кое на фирмите на Заеви ќе им носи годишно милиони евра чист приход и заработка“, рече Арсовски.
Според него, Заеви држат огромен дел од производството на марихуана во Република Македонија преку „МАМ Свети Николе“ и „Фарма медикал“ од Валандово, кои официјално се во нивна соспственост, и други компании што ги водат нивни блиски луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови локален дожд, а на планините повремен снег

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и топло време, освен денеска и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, дел од с.Волково – место викано Пржина. (Општина Ѓорче Петров).
· Oд 09:00 до 15:30 часот, ул.29 село Сопиште. (Општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Бриселска, Софиска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)