Македонија
Шахпаска на средба со претставници од Коалицијата „Менуваме“: Барањата на лицата со попреченост се и наши приоритети
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Коалицијата „Менуваме“ со кои разговараше за нивните барања во насока на подобрување и унапредување на состојбата на лицата со попреченост.
Министерката Шахпаска укажа дека голем дел од нивните барања се дел од агендата и приоритетите на кои Министерството за труд и социјална политика веќе работи во директна соработка со претставници на лицата со попреченост.
Во однос на барањето за зголемување на надоместокот заради попреченост, министерката Шахпаска информираше дека е предвидено покачување на износот за најмалку 15 проценти, но поради пандемијата со Ковид-19 неговата реализација беше пролонгирана. Покачувањето на овој надоместок ќе се планира во буџетот за наредната година.
За потребата на поголема инклузија и вработување на лицата со попреченост, министерката Шахпаска информираше дека во тек е проект за унапредување на пристапот на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот, за што се разгледуваат искуства од другите земји, а веќе е отворена и јавна расправа кај нас со сите засегнати страни. Министерката Шахпаска ги повика претставниците од Коалицијата „Менуваме“ да се вклучат проактивно во дискусијата и да дадат свои предлози во изборот на најсоодветниот модел.
Во однос на потребите за унапредување на состојбите со личната асистенција, министерката Шахпаска информираше дека со измените на Законот за социјална заштита кои стапија на сила минатата недела, зголемена е достапноста на правото за користење на личната асистенција и за децата од шест години, преку спуштање на досегашната возрасна граница од 18 години. За спроведување на оваа измена обезбедени се средства за 200 дополнителни асистенти, но, како што најави министерката, доколку има потреба од повеќе асистенти нема пречки да се зголеми и оваа бројка.
За барањето за проширување на мрежата на дневни центри за лица со попреченост, министерката Шахпаска, информираше дека во моментот се работи на отворање на дневни центри во Липково и Делчево, во Чашка, во Боговиње, а се работи и на проект за дневен центар за деца со аутизам во Скопје.
Министерката Шахпаска најави дека наскоро ќе биде распишан нов јавен повик за општините за развивање социјални услуги и за таа цел нагласи дека директно ќе контактира со градоначалниците за да им се обезбеди стручна поддршка во плановите за развој на социјалните услуги.
Во делот на зголемување на инклузијата и независноста на лицата со попреченост, министерката Шахпаска информираше дека е изработен и пуштен во употреба аудиочитачот- апликација за лица со оштетен вид, кој ќе им овозможи олеснет пристап до информации, независност во движењето и завршувањето на секојдневните обврски.
Во однос на барањето за симнување на границата за деца со попреченост од 26 на 18 години за остварување права од социјална и здравствена заштита, министерката Шахпаска, оцени дека станува збор за легитимно барање за кое Министерството ќе изготви анализа за влијанието на оваа промена врз правата на овие лица во сите сфери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

