Македонија
Петрушевски: Да имаше дисциплина на Олимпијадата за грабеж, Владата на СДСМ ќе беше шампион

Ребалансот на буџетот е пред сè изборен, а не развоен како што вели власта, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната собраниска дебата за ребалансот на буџетот за 2021 година.
„Целта е да се гласа за оваа влада која трпи критики од сите страни, не само од граѓаните, туку и од претставници на меѓународната зедница. Бидејќи сега е актуелна Олимпијадата и доколку има дисциплина грабеж, оваа влада ќе беше шампион или ќе беа светски олимписки прваци. И тоа не го велам јас, туку и сите странци“, рече Петрушевски.
Притоа пратеникот се осврна на последниот извштај на Стејт департментот.
„Ви велат дека спроведување на антикорупциските закони е селективно, законите не се пишуваат врз основа на анализи и се носат по скратена постапка и тоа ви го кажува опозицијата цело време. Од бизнисот пак има жалби за долги процедури, нетранспарентно трошење на парите кои завршуваат кај бизнис-елитата на СДСМ. Или едноставно кажано оваа влада ја уназадува инвестицската клима и се труди само да воведува нови даноци“, рече Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.