Економија
(Видео) Поцкова: Иако се прави ребаланс на буџет, пари за здравството нема
Иако се прави и ребаланс на буџет, пари за здравството нема, а истото функционира на основ на донации, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова, на собраниската седница на која се дебатира за ребалансот на буџетот за 2021 година.
„Врз основа на планираното и ребалансот на буџетот за годинава излегува дека дефицитот излегува 6,5 од бруто-домашниот производ, а раст од 4,1 посто. Вака високопозиционираниот раст е многу висок и тешко се постигнува затоа што младите се иселуваат, нема продуктивност, не се реализираат капиталните инвестиции“, рече Поцкова.
Пратеничката укажа дека разликата меѓу приходи и расходи се зголемува на сметка на граѓаните или истата ќе ја плаќаат тие.
„Со вакво проектирање секое семејство се задолжува за дополнителни 500 евра или задолжувањето е за купување на социјален мир . Токму тој социјален мир скапо ќе го чини секој граѓанин“, рече Поцкова.
Според Поцкова, за оваа влада секоја година е економска.
„На крајот излегува дека само цените се повисоки и ништо друго нема. Има само предизборен поткуп и грабеж на народните пари“, кажа Поцкова и додаде дека Македонија има еден од најлошите резултати за инвестиции.
„Сите држави од регионот имаат повеќе инвестиции од Македонија. Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека, пак, во соседството бројките се следни, Босна и Херцеговина има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти“, рече Поцкова.
Пратеничката се осврна и на тоа дека во ребалансот требало да има пари за здравството особено поради ковид-пандемијата.
„Дали нашето здравство го заслужува ова? Здравството се базира на донации, значи државата одвои многу малку средства за оваа област“, рече Поцкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

