Забава
Франшизата „Предатор“ добива ново продолжение

Снимањето на новиот филм од серијалот „Предатор“, насловен „Череп“, е речиси завршено
Филмот, во режија на Ден Трахтенберг (10 Cloverfield Lane), е изворна приказна за првото патување на предаторот на оваа планета и ќе може да се пофали со хероина.
Во интервју за „Колидер“, продуцентите Џон Дејвис и Џон Фокс споделија дека новиот филм ќе го надополни првиот „Предатор“ и ќе има тон сличен на The Revenant.
„Се враќа назад кон она што добро функционираше во оригиналниот филм. Тоа е генијалноста на човечко суштество кое не се откажува, кое може да набљудува и толкува, и кое може да победи помоќна, добро вооружена сила“, објасни Дејвис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) За есен со стил: најмодерните комбинации во црна боја

Ако сте љубител на тотален црн изглед и црната боја, тогаш веројатно не се разделувате од него дури ни во текот на летната сезона, иако во некои ситуации можеби не е најдобриот избор за вас.
Ако спаѓате во категоријата жени кои преферираат светли бои во летните месеци, тогаш се ближи времето кога повторно можете да ја „вклучите“ црната боја во вашиот изглед и мода.
Без разлика дали преферирате црна боја во секоја сезона и пригода или преферирате темни нијанси главно во текот на есента и зимата, сезоната е пред нас во која можете да носите црна боја и да создадете најелегантни и најефективни стајлинзи без да помислите дека вашиот аутфит изгледа есенски или темно за одредена сезона.
На есен, можеме да вклучиме повеќе земјени тонови во нашиот гардеробер, како што се тонови на беж, кафеава и зелена, но и неутрални, како што се белата и сивата, и секако омилената црна боја.
За есен, можете да создадете целосно црн изглед или можете да ја вклучите црната боја во вашиот outfit на многу различни начини, без разлика дали носите црна јакна, црна маица, црни панталони или здолниште, како и парчиња со дезени што доминираат во црна боја, како што се пругасти фустани, здолништа, маици или кардигани.
фото: принтскрин
Забава
Мажите родени во четири хороскопски знаци се полни со самодоверба

Самодовербата не е исто што и ароганцијата, иако многумина ја мешаат со тоа. Вистинската самодоверба доаѓа од внатрешната сигурност, од свеста за сопствената вредност и способноста да се остане свој во секое време.
Мажите родени под овие хороскопски знаци не бараат потврда од другите, не се сомневаат во себе и не се плашат да бидат различни. Нивниот изглед остава силен впечаток, а нивната самодоверба ги инспирира сите околу нив.
Лав
Лавот не мора да каже ништо за да го почувствувате неговото присуство. Неговата самодоверба е вродена, природна како дишењето. Тој ја знае својата вредност и не ја крие. Во работата, љубовта или општеството, тој секогаш зрачи со сила и топлина што привлекува внимание.
Тој не се плаши да се истакне, но не затоа што мора, туку затоа што знае дека има што да понуди. Гордоста на Лавот понекогаш може да биде прекумерна, но неговата харизма лесно го компензира ова.
Овен
Мажот Овен влегува во соба како веќе да знае дека нешто интересно ќе се случи – и обично се случува. Неговата самодоверба доаѓа од храброста. Тој не се плаши да прави грешки бидејќи верува дека може да ја претвори секоја ситуација во своја корист.
Овенот не чека можности – тој ги создава. Во љубовта е директен, во бизнисот е упорен, а во општеството магнетен. Луѓето го почитуваат бидејќи секогаш се осмелува да го направи првиот чекор, без страв од непознатото.
Јарец
Јарецот не ја покажува својата самодоверба со зборови, туку со дела. Неговата сила лежи во смиреноста и доследноста. Додека другите зборуваат за планови, тој веќе ги спроведува во акција. Неговиот поглед и став јасно покажуваат дека знае кој е и каде оди.
Тој не бара пофалби бидејќи не му се потребни – признанието доаѓа од самиот себе. Мажот Јарец никогаш не се сомнева во неговата способност да преживее и да успее, што го прави еден од најстабилните знаци во зодијакот.
Стрелец
Стрелецот верува во себе бидејќи верува во животот. Неговата самодоверба не е крута, туку весела и слободна. Тој знае дека грешките не се крај, туку искуство, и затоа не се плаши да презема ризици. Неговата енергија освојува, а хуморот разоружува. Луѓето го сакаат затоа што се чувствуваат опуштено, но мотивирано во негово друштво.
Стрелецот знае дека среќата често лежи надвор од неговата зона на удобност – и затоа никогаш не стои во место.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Мадалина Генеа повторно пронајде начин да биде во центарот на вниманието – објави 18+ фотографии

Актерката и модел Мадалина Генеа е позната по своите секси изданија и заводливи пози кои често ги демонстрира на големи настани.
Ако не е во центарот на вниманието на црвениот тепих, познатата Романка „бара помош“ на социјалните мрежи, каде што има армија од лојални следбеници.
Па неодамна објави серија провокативни фотографии кои не се за оние со слабо срце, туку се за оние кои можат да се справат со нејзината сексапилност.
Мадалина позираше во чипкана долна облека, во неонско зелена боја, и привлече внимание со својата витка фигура и заводливи облини. За време на фотосесијата, таа користеше црево за вода кое совршено се вклопуваше во оваа „жешка“ средина.
Во описот на фотографиите, таа го означи брендот Victoria’s Secret, а коментарите под објавата само се нижеа.
„Совршено“, „Не разбирам зошто не си ангел на Викторија“, „Толку си секси“, се само неколку…
фото: принтскрин