Забава
Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ поради стримување на „Црна вдовица“
Скарлет Јохансон, ѕвездата на блокбастерот „Црна вдовица“, го тужи „Дизни“ за прекршување на договор откако го емитуваше филмот за суперхероината на својот стриминг-сервис „Дизни плус“ истовремено со неговото киноиздание.
Филмот постави рекорд на киноблагајните во екот на пандемија, заработувајќи 218 милиони долари во првиот викенд. Но, приходите од боксофисот паднаа нагло, и сега Јохансон тврди дека таа била лишена од потенцијални приходи.
Како одговор, „Дизни“ нагласува дека „целосно го испочитувал договор со неа и дека нејзината тужба нема никаква основа“.
„Тужбата е особено тажна и вознемирувачка поради бескрупулозното игнорирање на ужасните и долготрајни глобални ефекти на пандемијата на Ковид-19“, се вели во соопштението на компанијата.
„Дизни целосно го испочитува договорот на Јохансон. Покрај 20 милиони долари што Јохансон ги има добиено до денес, емитувањето на ‘Црна вдовица’ на „Дизни плус“ значително ја зголеми можноста да добие дополнителен надомест“, стои во одговорот на компанијата.
Во тужбата на Јохансон, за која претходно објави „Волстрит журнал“, таа наведува дека стримувањето на „Црна вдовица“ ја чинело 50 милиони долари.

Јохансон тврди дека ѝ било ветено од студиото „Марвел“, кое е во сопственост на „Дизни“, дека филмот ќе биде киноиздание. Таа сфатила ова ветување значи дека ќе помине одредено време пред да се емитува на стриминг сервис – период кој традиционално трае 90 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Златан Ибрахимовиќ за воспитувањето на синовите: „Ако на 18 години не се самостојни, тогаш не сум успеал“
Златан Ибрахимовиќ и неговата долгогодишна партнерка Хелена Сегер имаат двајца синови, 19-годишниот Максимилијан и 17-годишниот Винсент. И двајцата тргнале по стапките на татко им и играат фудбал. Ибрахимовиќ неодамна, во подкаст, откри дека се трудел да ги воспитува така што ќе бидат одговорни и самостојни.
„Бевме во Беверли Хилс… Не го кажувам ова за да испаднам важен, туку навистина така постапував. Децата одеа на училиште, а сите имаа возачи. Во училиштето видов само два велосипеда – на Винсент и на Максимилијан. Им купив велосипеди и им реков: ‘Земете ги велосипедите и одете сами на училиште.’ Бев строг, но секогаш со нивното добро на ум и доследен во тоа“, рече Ибрахимовиќ и додаде: „Ако на 18 години не се самостојни, тогаш не сум успеал.“
Вели дека во тоа имал поддршка од партнерката, бидејќи и двајцата се согласуваат дека не сакаат нивните синови да пораснат како „разгалени богаташи“. Затоа, како што раскажа, не патувале со приватен авион, туку избирале комерцијални, поевтини летови, за синовите да видат како живее поголемиот дел од луѓето. Откри и дека постариот син дури во 2024 година отворил Инстаграм, додека помладиот Винсент сè уште не е на социјалните мрежи.
Нагласи колку му се важни дисциплината и скромноста, повлекувајќи паралела со своето детство.
„Млеко, леб и болоњезе. Три работи. Им велам на моите деца: ако јас можев да успеам со тие три работи, можете и вие. Имам повеќе пари отколку моите родители“, рече тој.
Пораката со која ја заокружи својата филозофија гласи:
„Со пари е полесно да се живее, но тие нема да им донесат среќа. Децата ги учам на дисциплина, почит и самостојност.“
Забава
Следниот чекор на вештачката интелигенција: интерфејси што читаат мозочни сигнали
OpenAI предводи инвестиција од 252 милиони долари во Merge Labs, нова лабораторија за развој на интерфејси мозок–компјутер (BCI – Brain-Computer Interface), чиј коосновач е Сем Алтман. Покрај OpenAI, во финансирањето учествуваат и Bain Capital, како и Гејб Њуел од компанијата Valve.
Целта на лабораторијата е во текот на следната деценија да ги поврзе биолошката и вештачката интелигенција, со почетен фокус на медицински примени, а подоцна и на интерфејси за масовна употреба, пишува Hypebeast.
За разлика од Neuralink, кој се потпира на хируршки импланти, Merge Labs развива поинаков пристап. Нивниот тим работи на нови BCI архитектури кои користат молекули наместо електроди за интеракција со невроните, додека податоците се пренесуваат со помош на длабок ултразвук. На тој начин се избегнува вградување импланти во мозочното ткиво. Долгорочната цел на компанијата е да развие неинвазивни неурални интерфејси со висока пропусност.
Инвестицијата на OpenAI оди подалеку од финансиска поддршка. Компанијата ја смета BCI технологијата за клучен следен чекор во развојот на интерфејси што можат да ја направат вештачката интелигенција поприродна и повеќе насочена кон човекот.
OpenAI планира да му обезбедува на Merge Labs прилагодени основни модели и оперативни системи за вештачка интелигенција, оптимизирани за толкување на мозочни сигнали. Во пракса, тоа значи дека софтверските планови на OpenAI и хардверските амбиции на Merge Labs се тесно поврзани со целта за овозможување интеракција со вештачка интелигенција на ниво на мисла.
Овој потег дополнително го нагласува ривалството меѓу Сем Алтман и Илон Маск, чија компанија Neuralink дејствува во истата област. Merge Labs се позиционира како компанија поблиска до хардвер базиран на вештачка интелигенција отколку до традиционалната медицинска технологија, што е во согласност со пошироката стратегија на OpenAI насочена кон чипови, уреди и унапредување на човечките способности. Во исто време, фактот што OpenAI инвестира во компанија чиј коосновач е Алтман покрена прашања за управувањето, можниот судир на интереси и сопственоста над идните неурални технологии.
Забава
(Фото) Најпознатиот хрватски бизнисмен има нова девојка: која е 28-годишната убавица
Мате Римац, познатиот претприемач и основач на „Римац Автомобили“, ја претстави својата нова девојка на јавноста во среда, додека беа заедно на музички настан во Загреб, а фотографите ги фатија како се држат за раце.
Римац се разведе од Катарина Ловриќ кон крајот на 2024 година и оттогаш го чуваше приватниот живот подалеку од јавноста, но со овој потег стави до знаење дека е во нова љубовна врска, па многумина се прашуваат која е новата избраничка на Римац?
Станува збор за 28-годишната Барбара Котарски од Самобор, десет години помлада од него, која е многу активна на социјалните мрежи, каде што има околу 15.000 следбеници. Таа ја сака хуманитарната работа и волонтирањето, па затоа често промовира вакви објави, а учествувала и во бројни волонтерски проекти, пишува 24sata.hr.
Дипломирала бизнис економија во Риека, работела во манекенство, а поради природата на нејзината работа, кога имала 21 година, се преселила во Истанбул на шест месеци.
„Не заработив многу во тие шест месеци, но искуството што го стекнав е многу повредно за мене. Стекнав самодоверба, запознав прекрасни луѓе со кои сè уште сум во контакт“, изјави таа за Diva.hr пред неколку години.
Некои се шегуваа дека убавицата Барбара е „новата Невера“ на Римац.

