Економија
Промовиран Мечинг фонд од 2,5 милиони евра за поттикнување на претприемништвото кај Ромите
Премиерот Зоран Заев денеска го промовираше Мечинг фонд на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра во вид на поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање услови за нови вработувања, за поддршка за формализација на сивата економија, како и за поттикнување на претприемништвото кај ромската заедница.
Денеска беше потпишан и Меморандум за соработка во рамките на проектот „Ковид – Итни интервенции во Општина Шуто Оризари“, кој е финансиски подржан од Канцеларијата за ромски иницијативи во рамките на Фондациjaта отворено општество – Берлин.
На промоцијата на фондот и на потпишувањето на меморандумот, на која учествуваа и заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество Алекс Сорос, Заев истакна дека со овие проекти Владата ја потврдува својата заложба за поттикнување на потенцијалот за претприемништвото на ромската заедница и социјално-здравствените политики за поддршка на ранливите заедници.
„Со Мечинг фондот, првично вреден 153,5 милиони денари, создаваме услови за едноставно достапни и поволни наменски средства за да го поттикнат развојот на претприемништвото во ромската заедница и за полесен премин во регистрирана дејност, егзистирање, но и унапредување и проширување на бизнисот. Нашите очекувања се дека некаде околу 50 – 100 невработени лица и регистрирани субјекти годишно, управувани од Роми преку овие мерки ќе имаат пристапни и поволни услови до финансиски средства за формализација, реализирање на бизнис-идеи, самовработување и унапредување на бизнисот“, истакна Заев.
Со вториот Меморандум за соработка во рамките на проектот „Ковид – Итни интервенции во општина Шуто Оризари“ обезбедена е набавката на амбулантно возило за итна помош за користење од страна на Поликлиниката во Шуто Оризари.
Другиот дел од средствата ќе се наменат за обезбедување работен ангажман во период од 24 месеци на две лица Роми коишто ќе бидат ангажирани во рамките на здравствен дом Скопје за потребите на Поликлиниката во Шуто Оризари и за функционирање на амбулантното возило за итна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

