Македонија
Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје.
„Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 28 километри северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтерова магнитуда ML3.3, а беше почувствуван од граѓаните на градот Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„И оние малку што останаа во Влен не смеат да молчат пред систематското отстранување на Албанците од клучните државни позиции“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за последните случувања во МВР и АРМ, каде што на континуиран и систематски начин се врши деградација и исклучување на припадници на албанскиот народ од раководни позиции“, велат од ДУИ.
„Последниот случај на разрешување на сите заменик-шефови Албанци и именувањето на блиски роднини на градоначалникот на општината во Полициската станица Бутел претставува не само институционален скандал, туку и опасен сигнал за враќање на ексклузивноста и дискриминацијата во најчувствителниот сектор – безбедноста.
Особено загрижува фактот што ова се случува токму во Бутел – една од најизразените мултиетнички општини во главниот град, каде што Албанците претставуваат значителен дел од населението.
Едноетничките и партиски назначувања во безбедносните структури, како и понижувачките деградации на професионални полициски кадри од албанска етничка припадност, го уриваат принципот на инклузивност – клучен столб на Охридскиот рамковен договор.
Токму присуството и фер застапеноста на Албанците во полицијата и армијата беа предуслов за стабилизирање на меѓуетничките односи по 2001 година. Денес, сведочиме спротивен процес: демонтирање на механизмите на рамнотежа, што води кон обнова на недовербата и чувство на исклученост кај цела една заедница.
ДУИ апелира до Владата на Република Северна Македонија, до Министерството за внатрешни работи, како и до меѓународната заедница, особено до гарантите на Охридскиот договор, да реагираат веднаш и без двосмислености.
Секторот за безбедност не смее да биде инструмент на етничка доминација и политички реваншизам. Ова не е само прашање на внатрешна кадровска политика – ова е прашање на стабилност, доверба и иднина на заедничката држава“, соопштуваат од ДУИ.
Македонија
Амбасадорката Агелер го посети Центарот за управување со кризи

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ја запозна амбасадорката на САД Ангела Агелер за претстојните реформи во кризниот менаџмент и цивилната заштита и подготовките за справување со пожарите на отворен простор, капацитетите и ресурсите на државата, како и со искуствата од безбедносните предизвици и кризните состојби во земјата.
За континуираната поддршка во обука, опрема и инфраструктурни инвестиции од САД, директорот Ангелов изрази особена благодарност и верба дека соработката ќе добива нови содржини, соопшти ЦУК.
Амбасадорката Агелер го посети Секторот 112, како еден од најзначајните проекти за обезбедување итна помош на лица во опасност, и во разговорот со вработените се запозна со одговорноста да се биде гласот за помош во секое време, се додава во соопштението на ЦУК.
Македонија
„СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го дозакопа Филипче и се заплетка во сопствените лавиринти на лаги. Филипче по стапките на шеикот од Муртино Заев денес едно, утре друго. СДС еднаш тврди дека Филипче нема златна виза, па дека нема имот во ОАЕ, за подоцна самиот Филипче да потврди дека има златна виза за Дубаи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче три месеци се обидува да смисли што да одговори на јавноста за златната виза во Дубаи и повторно се заплетка во соппствените лаги. СДС и Филиче да кажат од каде му е златната виза за Дубаи?
Со примањата на Филипче како пратеник лекар и министер тешко дека се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.
Дали Филипче му е бизнис партнер на Заев во Дубаи додека му го чува столчето во СДС? Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50 катница во Дубаи?
Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза? СДС и Филипче да не ја потценуваат интелегенцијата на народот и да каже дали е инвеститор со Заев во Дубаи.
Заев и Филипче со години ја осиромашуваа државата за сега со украдените народни пари да добиваат златни визи и да инвестираат низ Дубаи. Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.