Македонија
219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје и Тетово по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница по 4, Прилеп и Кочани по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар по 2 и по еден во Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и во Пехчево.
Во изминатите 24 часа пријавени се и четири починати лица – две лица од Скопје (61 и 66) и по еден пациент од Тетово (76) и Кичево (76) починати во болнички услови.
Регистрирани сe и 30 оздравени, и тоа од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2 и по еден од Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и од Валандово.
Направените 4.713 теста се преку: ИЈЗ – 143, ЦЈЗ Скопје – 43, ЦЈЗ Битола – 75, ЦЈЗ Прилеп – 37, ЦЈЗ Тетово – 72, ЦЈЗ Куманово – 47, Судска медицина – 8, УК Пулмологија со алергологија – 7, ГОБ „8 Септември“ – 13, Институт за микробиологија – 41, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 128, „Авицена“ – 208, „Биотек“ – 138, „Систина“ – 115, лабораторија „Лаор“ – 636, „Синлаб“ – 80, „Ремедика“ – 12, „Плодност“ – 30, „Генеа“ – 3, „Никоб лаб“ – 811, „ВФВ медикал“ – 54, „Ели медика“ – 13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.999.
Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.926, бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 69.044, Активни 275
Куманово 8.991, Активни 90
Прилеп 8.346, Активни 16
Тетово 7.629, Активни 285
Битола 6.348, Активни 38
Велес 5.481, Активни 5
Гостивар 5.280, Активни 84
Кавадарци 5.162, Активни 6
Охрид 5.032, Активни 11
Штип 4.972, Активни 8
Струмица 4.157, Активни 27
Струга 2.995, Активни 12
Кочани 2.807, Активни 11
Кичево 2.631, Активни 23
Гевгелија 2.197, Активни 1
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.528, Активни 3
Ресен 1.235, Активни 1
Крива Паланка 1.227, Активни 0
Радовиш 1.167, Активни 5
Берово 1.041, Активни 9
Делчево 974, Активни 0
Дебар 973, Активни 29
Виница 890, Активни 4
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 674, Активни 6
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 360, Активни 1
Пехчево 273, Активни 4
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.
Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација
Македонија
Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари за можноста за повторна соработка.
„Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, дадениот и одржан збор и мажественоста се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ниту куќа, ниту врата, а камоли голема“, се вели во објавата на Села.
Таравари претходно вчера рече дека кој сака е добредојден да им се придружи. Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно повторно спојување со лидерот на другото крило од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, тој изјави: „Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“.

„Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“ – Арбен Таравари
Алијансата за Албанците на Таравари одлучи на локалните избори да излезе со посебни листи за општински советници.