Економија
„Happy VISA викенд!“ – наградна игра на Шпаркасе банка Македонија во соработка со VISA

Од денес започнува наградната игра „Happy Visa викенд“ за сите клиенти на Шпаркасе Банка Македонија, корисници на дебитни и кредитни картички Visa, кои со секоја трансакција на износ поголем или еднаков на 500,00 денари, имаат можност да освојат една од многубројните награди:
– Главна награда автомобил KIA SPORTAGE
– 70 ваучери за патување во РС Македонија
Во наградната игра, која ќе трае од 6.8.2021 година до 24.9.2021 година, право на учество имаат сите полнолетни лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на платежни картички за физички лица од брендот Visa, издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како и Visa картичките на поранешната Охридска банка АД Скопје, која се присоедини кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Во наградната игра се вклучени сите трансакции направени од корисникот на картичката и/или од корисниците на дополнителните картички на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа. Во наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС-шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.
Физичките лица корисници на дебитните платежни картички Visa на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари добиваат една шанса за учество во наградната игра. Лицата корисници на кредитните платежни картички Visa на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари добиваат двојна шанса за учество во наградната игра. Доколку еден учесник поседува повеќе од една картичка од Банката, во тој случај учествува со секоја поединечна картичка во наградната игра доколку ги исполнува условите.
Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се врши секој петок почнувајќи од 20.8.2021 година, а ќе заврши на 1.10.2021, со почеток во 12 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, на ул. Македонија број 34, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со специјален софтвер развиен за потребите на наградната игра. За време на извлекувањето ќе бидат присутни двајца претставници од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и нотар.
Секој петок од 20.8.2021 до 1.10.2021, се извлекуваат по 10 добитници на ваучери, додека на главното извлекување покрај 10 викенд патувања, ќе биде извлечен и еден добитник на главната награда, автомобил KIA SPORTAGE.
Повеќе информации за наградите како и Правилата на наградната игра „Happy VISA викенд“ може да се најдат на веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02/ 15 050, секој работен ден од 8 до 18 часот.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Економија
Издадени првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори на компанијата ЕНЕРГО СОЛАР СИСТЕМИ.
Станува збор за два батериски системи со вкупна инсталирана моќност од 2 600 kW, што се инсталирани во склоп на две различни фотонапонски електроцентрали кои се веќе изградени и во функција.
„Издавањето на овие лиценци во кои се вклучени батериски системи за складирање на електрична енергија, всушност го означува почетокот на еден нов инвестициски циклус во енергетиката. Воведувањето на батериите во пракса значи забрзана енергетска транзиција преку создавање на одржлив, ефикасен и еколошки енергетски систем во земјава. Во РКЕ очекуваме голем број сопственици на ФЕЦ да поднесат барање за инсталирање на “сториџи“, но исто така очекуваме интерес да појават и компании кои би биле самостојни оператори на складишта само со батериски системи. Употребата на батериите ќе придонесе за сигурно и доверливо функционирање на системите, а едновремено и за економски посигурен и поефикасен енергетски пазар. Истите можат да даваат услуги на операторот на електропреносниот систем за балансирање на истиот, како и одржување на одредени параметри на мрежата во пропишани граници. Складирањето на енергија во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат се очекува дека ќе влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот.“ посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Условите, постапката и потребната документација за добивање на лиценца за складирање на електрична енергија се уредена во Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, .
Економија
Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.
Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.
Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.
Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.
Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, велат од Министерството за финансии.