Македонија
Заев: Граѓаните да не се грижат, штетите од пожарите ќе бидат надоместени
Премиерот Зоран Заев утрово заедно директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и градоначалниците на Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски изврши обиколка и увид во Малешевијата, во близина на селото Будинарци, беровско, во чија околина се најголемите активни пожари.
„Владата, државата и Буџетот постојат за народот. Граѓаните не треба да се грижат и ќе бидат обештетени за штетите на нивните имоти. Ние имавме до доцна синоќа седница за да ги обезбедиме сите ресурси на располагање на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување за набавка на резерви и алати“, додаде премиерот информирајќи подетално за сите одлуки.
Тој посочи дека државата веднаш ќе излезе во пресрет за надоместување на штетите на граѓаните.
„Веќе се започнати во некои општини процедурите за излегување на терен и правење проценка на штетите кои ќе се достават до Владата за исплаќање. Истовремено постојат експертски анализи и планови за возобновување на шумите и соодветно на почвата есенва ќе бидат посадени нови дрвја. Оваа есен ќе биде искористена за надополнување на шумските капацитети“, нагласи Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

