Забава
Џенифер Анистон објасни зошто ги прекина врските со невакцинирани пријатели
Актерката Џенифер Анистон ја брани својата одлука да не комуницира со пријатели и познаници кои не сакаат да кажат дали се вакцинирани против Ковид-19 по коментарите на социјалните мрежи во врска со ваквиот потег.
Sвездата на „Пријатели“ и „Утринското шоу“ рече во интервјуто за списанието InStyle дека сè уште постои голема група луѓе кои се антиваксери или луѓе кои едноставно не ги слушаат фактите.
Таа додаде дека за жал „изгубила неколку блиски луѓе“ кои одбиваат да откријат дали се вакцинирале.
Анистон беше предизвикана од некои следачи на Инстаграм, вклучувајќи и некои познати личности како Робин Ло, авторка на книгата „Планот на телото“, која праша зошто Анистон не сака да биде околу невакцинирани луѓе кога таа самата е вакцинирана.
Анистон одговори на својот инстаграм-профил.
„Затоа што ако имаш друга опција, можеш да ми ја кажеш. Можеби ќе се разболам малку, но нема да завршам во болница или да умрам. Ако има друга опција, ќе му ја препорачам на друг кој нема примено вакцина и чие здравје е загрозено (или има претходна постоечка состојба) – и на тој начин би го ставила нивниот живо во ризик“, напиша Анистон.
„Затоа и се грижам. Мораме да се грижиме и за другите, а не само за себе”, додаде таа.
Анистон, која има 37,7 милиони следачи на Инстаграм, се прослави како Рејчел Грин во култната серија „Пријатели“, која се емитуваше 10 години од 1994 до 2004 година. Серијата ги следеше животите на шест њујорчани во нивните 20-ти и 30-ти години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

