Контакт

Македонија

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери

Објавено пред

Правниот сектор на Левица утрово поднел кривична пријава до скопското Основното јавно обвинителство  против претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од оваа политичка партија.

dobivaj vesti na viber

Во пријавата Џафери се товари дека на 22 јули годинава, без да го врати на доработка и неопходно доуредување, а по претходен договор и координација со Владата, илегално го пуштил во собраниска процедура со „европско знаменце“, односно во брза и полна легислативна постапка, контроверзниот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството – по скратена постапка, со што на пратениците им нанел директна и индиректна штета, преку узурпација на неприкосновеното субјективно пратеничко право на говор и фактичко оневозможување на правото на предлагање амандмани од страна на народните избраници во парламентот.

„На овој начин, со своето свесно и злонамерно омисивно деликтно дејствие на пропуштање, т.е. неизвршување на својата службена должност, спикерот Џафери, намерно и со предумисла, не се грижел соодветно и должно за примената на Деловникот на Собранието, иако знаел и бил должен да знае дека предлог-законот во никој случај не ги исполнува деловничките услови, бидејќи истиот не врши никакво усогласување со која регулатива или директива на ЕУ, туку лажно се наведени конвенции на Обединетите нации и на Советот на Европа“, сметаат од Левица од каде што очекуваат надлежното обвинителство сериозно да ја земе предвид нивната, како што велат, издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавениот, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација, да покрене обвинение против актуелниот претседател на Собранието.

Македонија

Ѓорѓиевски: По 30 години, Пеленица конечно добива современ пристапен пат

Објавено пред

Од

Интензивно се работи на реконструкцијата на патот кој води кон Пеленица – една од фреквентните, но со децении запоставувани патни делници во овој дел на Скопје. По речиси три децении чекање, овој потег конечно ќе добие безбеден, функционален и достоен сообраќаен пристап за жителите на Кисела Вода, Драчево и околните населени места, информира градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

dobivaj vesti na viber

Изградбата се одвива на потегот од „Јустинијан Први“ до границата со Општина Студеничани, на делница долга 3.370 метри. Патот се проширува на ширина од околу 6 метри, а за првпат се воведува и тротоар од едната страна, што досега никогаш не постоел на оваа рута.

Покрај асфалтирањето, се поставуваат цевки за третирање на атмосферските води, како и каналетки за нивно безбедно одведување, со што, според Ѓорѓиевски, се решава еден од клучните проблеми – поплавувањето на патот при врнежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) СДСМ: Дали парите за рекет од „Пулс“ завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

Објавено пред

СДСМ на прес-конференција побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали парите за рекет од дискотеката „Пулс“ завршувале кај владејачката партија и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Поминаа 24 часа од објавата на скандалот кој ја тресе јавноста, а од ВМРО-ДПМНЕ – молк. Ниту збор, ниту објаснување, ниту демант. Зошто молчите, господине Мицкоски?“, праша Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Опозициската партија вчера сподели информации дека фирмата „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип е долгогодишен донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Истата таа фирма, според нивните сознанија, можеби водела фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката „Пулс“. Постои сериозен сомнеж, велат од СДСМ, дека преку неа биле исплаќани паушали за полициска заштита на локалите кои биле оставени без контрола, меѓу кои и „Пулс“ – каде животот го загубија 62 деца.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2.600 деца

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капацитетите на градинките и што Владата презема на тој план, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму каде што има листи на чекање, да нема повеќе листи на чекање. Тоа најчесто беше пример во Скопје и во неколку поголеми урбани средини и чекор по чекор тој процес се завршуваше. Она што можам да го кажам е дека во моментот околу 15 објекта се адаптираат, реконструираат, модернизираат, коишто би прифатиле околу 1.500 деца, мислам дека 1.461 точно, е капацитетот“, рече Мицкоски.

Додаде дека уште 11 се нови објекти коишто се градат за негде околу 1.100 дечиња.

„Кога сето ова ќе се затвори, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато или би биле многу мали или незначителни“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

По седум години, повторно се отвори етно-комплексот „Македонско село“

По седум години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“. Премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека Скопје добива уште едно туристичко место, ...

Македонија1 час

Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Калишта, ДЗС апелира да не се поместуваат такви убојни средства

Неексплодирано убојно средство од минатите војни е пронајдено кај село Калишта, при изведба на градежни работи во близина кампот „Рино“...

Македонија3 часа

Грција ќе екстрадира македонски државјанин, кој се сомничи за убиство на пензионер во Германија

Апелациониот суд во Солун даде „зелено светло“ за екстрадиција во Германија на македонски државјанин обвинет за грабеж, а потоа и...

Македонија4 часа

Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Ова се случува...

Свет4 часа

Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми...

Свет4 часа

(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершева на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад...

Економија5 часа

Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“

Здружението Инженери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон...

Македонија14 часа

ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена...

Топ19 часа

Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка...

Македонија19 часа

Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче....

Свет20 часа

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...

Македонија21 час

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија24 часа

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија1 ден

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која...

Македонија1 ден

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет1 ден

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија1 ден

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија1 ден

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија1 ден

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија1 ден

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...