Македонија
32 отсто од полнолетните во Македонија имаат примено барем една доза вакцина
32 % од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија – 51 % и во Кавадарци – 50,3 %, каде што половина од населението е веќе вакцинирано. 48,1 % од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив е населението што живее во Неготино и околните места со 47,9 %.
Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46,3 и 46,7 %. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза вакцина опаѓаат во Берово – 44,1 %, Пехчево – 43 %, Штип – 43,1 % и Валандово – 40,5 %.
Помеѓу 30-40 % има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Демир Хисар, Велес, Св. Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип. Помеѓу 20-30 % има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струга, Македонски Брод, Струмица, Тетово и Радовиш, а 19,9 % опфат во Гостивар.
„Заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Вакцини има доволно, повикуваме на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението, со што заеднички се стремиме кон спречување на проширување на новиот сој на вирусот“, соопшти Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

