Економија
Во салонот на „Порше Скопје“ пристигна првиот целосно електричен SUV на Volkswagen, новиот ID.4
Во салонот на „Порше Скопје“ пристигна првиот целосно електричен SUV на Volkswagen, новиот ID.4
– ID.4 е првиот целосно електричен SUV на Volkswagen
– На почеток ќе бидат достапни три изведби на електричен мотор, а најмоќната верзија ќе биде опремена со електричен мотор со 150 kW (204 КС), и досега од 520 km
– Динамичен дизајн, пространа внатрешност и врвен концепт на управување

ID.4 импресионира со својата сеопфатност, ефикасниот електричен погон, пространата внатрешност, најсовремените системи за помош на возачот и динамичниот дизајн кој јасно го преставува ID.4 како електрично возило. Како прв глобален електричен автомобил на Volkswagen, ID.4 ја инкорпорира новата модуларна платформа за електричен погон MEB (Modular electric drive matrix), развиена специјално за електричната мобилност на целата Групација.
SUV возилата стануваат се повеќе популарни. Овој сегмент веќе е најпродаван во големите земји како САД и Кина, затоа што SUV возилата се препознатливи по одличната прегледност, безбедност и комфор. И во Европа, но и во Македонија, овој сегмент бележи значително зголемување, особено во делот на компактните возила. Со ID.4, Volkswagen ја проширува понудата на целосно електрични возила, а ова е првиот целосно електричен SUV модел на брендот. ID.4 нуди просторност, флексибилност и сите карактеристики кои клиентите ги очекуваат од еден класичен SUV.

Новиот ID.4 има многу таленти. И покрај спортските перформанси, нема компромис во поглед на комфорот. Батеријата има капацитет до 77 kWh, со што се овозможува максимален досег од 520 километри (според WLTP). Позицијата на батеријата е под совозачкото седиште со што е овозможен низок центар на гравитација. Електричниот мотор, кој е позициониран на задната оска, генерира максимални 150 kW (204 КС) – со што забрзувањето од 0 до 100 километри на час е з само 8.5 секунди, а максималната брзина е 160 km/h. Благодарение на погонот на задните тркала и растојанието од земјата за цели 21 сантиметар, ID.4 добро се справува и со off-road предизвиците. За вистинско off-road доживување, достапна за нарачка е и ID.4 GTX верзијата, со погон на 4 тркала, поголема моќност и уште поимпресивни перформанси.
Динамичен изглед. Надворешноста на ID.4 има атлетски пропорции за ултра модерен изглед. Неговиот дистинктивен дизајн е инспириран од природата и гарантира многу добра аеродинамика со коефициент на аеродинамичност од 0,28. Основната верзија е опремена со предни светла во LED-изведба, а во највисоко опремената верзија достапни се интерактивните IQ.Light LED matrix светлата, кои се дополнително подобрени. Особено специфични се LED светлосните групи на задниот дел, кои генерираат 3D интензивни светла, кои надополнети со 21 инчните тркала, го истакнуваат карактерот на возилото.

Просторност: долго меѓуоскино растојание, за повеќе простор за патниците
Со должина од 4.58 метри и MEB архитектура, ID.4 овозможува максимален простор во корист на патниците. Просторноста во внатрешниот дел е на ниво на повисоките класи на SUV. Боите и материјалите се пријатни и создаваат чувство како да сте дома. Во зависност од позицијата на задните седишта, багажниот простор има капацитет од 543 литри (1.575 литри со спуштени седишта).
Концептот на управување на ID.4 не е базиран на физички копчиња и прекинувачи. Целосното управување е насочено кон двата екрана, а поголемиот 12 инчен екран чувствителен на допир е опремен со говорни команди. Едноставно започнете со “Hello ID” и возилото ќе започне да ги слуша вашите гласовни команди. Со опционално достапната виртуелна реалност, ID.4 на head-up дисплејот може значително да му асистира на возачот, на пример со прикажување на насоката на движење директно на патот. Системите за помош на возачот дополнително се опремени со Travel Assist, кој во комбинација со IQ.Drive овозможува релаксирано возење. Благодарение на новата платформа, системите можат да се надградуваат на нови софтверски верзии со нови опции кои ќе се развиваат во иднина.

We Charge: полнење дома, но и полнење за време на долги патувања
Со ID. моделите, Volkswagen ја лансира програмата за полнење на електрични возила We Charge. Со ова решение, ID.4 може да се наполни дома или на долгите патувања на брз DC полнач за околу 30-ина минути. Засега оваа програма е достапна во пазарите на Европската Унија, но наскоро се очекува да се имплементира и во нашата држава. Паралелно се развива и екосистем за одржлива електрична мобилност, што значи дека самото производство на ID.4 е CO2 неутрално.
Доказ за квалитетот на новиот ID.4 е престижната награда Светски автомобил на годината, која ја доделуваат 90 меѓународни автомобилски новинари од 24 земји. Во ID.4 беше препознаена иновативноста, секојдневната употребливост и достапноста за поголем сегмент на клиенти.
ID.4 e олицетворение на стратегијата на Volkswagen, дека иднината на мобилноста е електрична.
Новиот целосно електричен SUV e достапен во салонот на Volkswagen во Порше Скопје. Повеќе информации може да се прочитаат на следниот линк www.volkswagen.com.mk/id4
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

