Македонија
Осуммина починати и 588 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа во Македонија од коронавирус починаа осум лица, а потврдени се 588 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 5.780 тестирања. Најголем број нови случаи има во Скопје – 230, Тетово – 101 и Гостивар – 82.
Во Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 26 оздравени пациенти.
Пријавени се осум починати лица: по две лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите седум лица во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.