Свет
Шпионските авиони на НАТО тројно ги засилија летовите над Црното Море
Разузнавачките авиони на НАТО ги интензивираа летовите во воздушниот простор над Црното Море и годинава речиси трипати почесто прават прелети, вели командантот за воено воздухопловство и воздушна одбрана на Јужниот воен округ на Русија, Николај Гостев.
„Земјите на НАТО во последно време покажуваат вистински интерес за руските јужни граници“, изјави Гостев во интервју за Воениот билтен за Јужна Русија.
„Во споредба со лани, интензитетот на летовите за разузнавачки авиони на НАТО над Црното Море се зголеми речиси трипати. За споредба, авионите на нашите партнери од Западот извршија 270 извидувачки летови во 2019 година, околу 530 во 2020 година и повеќе од 560 од почетокот на годинава во јужната област на одговорност. “
Француски воени авиони и тактичките авиони на сојузничките сили на НАТО се приклучија на летовите на американските шпионски авиони и беспилотни летала.
„Ниту еден лет што го изведуваат не останува незабележан, а воздушните одбранбени способности на руската армија деноноќно ги следат овие летови и навремено реагираат со строго почитување на меѓународното право“, истакна командантот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.