Свет
Германија и САД ги повикаа своите државјани итно да го напуштат Авганистан
Американската и германската амбасада итно ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Авганистан.
Германија ги повикува своите државјани да го напуштат Авганистан со редовни летови што е можно побргу поради влошената безбедносна состојба, објави германското Министерство за надворешни работи, а тоа го стори и американската амбасада.
„Јасно ги повикуваме германските граѓани на терен да ја искористат можноста да ја напуштат земјата што е можно побргу со закажани летови“, се вели во соопштението.
Талибанците денеска го зазедоа стратешки важниот град Газни во Авганистан, со што се приближија на околу 150 километри до главниот град Кабул. Тие постигнаа прогрес по неколкудневниот жесток конфликт.
Бунтовниците не сакаат да ја делат власта со актуелната авганистанска влада во Кабул.
Насилството и брзината на напредувањето на талибанците предизвика гнев кај многу Авганистанци поради одлуката на претседателот на САД, Џозеф Бајден, да ја повлече американската војска од Авганистан и борбата против бунтовниците да им ја препушти на авганистанските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хјуман рајтс воч: Враќањето на Трамп ќе ги загрози човековите права во САД и во странство
Извршниот директор на меѓународната организација Хјуман рајтс воч, Тирана Хасан денеска оцени дека враќањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа следната недела ќе ги загрози слободите во таа земја и надвор од неа.
Таа изјави дека вториот мандат на Трамп може да биде „поштетен од првиот“.
„Првиот мандат на администрацијата на Трамп ни покажа за што се тие способни, а особено го покажа нивниот недостаток на посветеност на човековите права. Но, Проектот 2025 и изјавите што ги слушнавме од новоизбраниот претседател веќе почнаа да покажуваат дека ќе има генерален напад, во суштина, врз правата на мигрантите“, рече Хасан, според Ројтерс.
Таа оцени дека реториката на Трамп може да ги охрабри „автократите ширум светот да воведат слични политики“.
Покрај тоа, таа ја критикуваше администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден за големи испораки на оружје за Израел за време на нападот на таа земја на Појасот Газа, и покрај „јасните докази дека тие биле користени за извршување злосторства“.
„Минатата година не беше нешто со што може да се гордее администрацијата во заминување“, рече Хасан, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Ученик со нож уби две лица во училиште во Словачка
Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка кога ученик нападнал со нож, јави денеска телевизијата ТА3.
A student with a knife attacked a gymnasium in Slovakia: 2 people killed, 1 more injured
The incident occurred in the town of Spišská Stara Ves in the east of the country. According to preliminary reports, the attacker was an 18-year-old student who stabbed two classmates and a… pic.twitter.com/oWuDlud1S8
— NEXTA (@nexta_tv) January 16, 2025
Агенцијата ТАСР јави дека нападот се случил во Спишка Стара Вес.
Напаѓачот е 18-годишен студент, кој е уапсен. Двајца ученици загинаа, а ранетиот професор е во критична состојба, според медиумот.
Вкупниот број повредени сѐ уште не е познат, додаде ТА3.
Напаѓачот е 18-годишен студент кој е уапсен. По нападот се обидел да побегне, но полицијата го пронашла еден час по нападот. Го пронашле, пишува Aktualy.sk, благодарение на стапалките во снегот.
Според словачките медиуми, насилникот денеска требало да има испити откако од гимназијата во Кежмарк се префрлил во ова училиште.
Регион
(Видео) Автомобил влета во група студенти во Србија, едно лице заврши на покривот на автомобилот
Студентка денеска е тешко повредена во Белград кога возач влетал во група студенти додека со 15-минутно молчење им оддавале почит на загинатите при падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад.
Tokom odavanje pošte stradalim, u Ruzveltovoj ulici u Beogradu, povređena je devojka kada ju je udario i nosio na krovu automobila nakon čega je pala ulicu. pic.twitter.com/M7nxsSuBK2
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 16, 2025
Повеќе од еден месец студенти од повеќе од 60 факултети им оддаваат почит на жртвите од Нови Сад со блокирање на сообраќајот 15 минути. Во четвртокот, додека стоеле на раскрсницата пред техничките факултети, возач на комбе во темносина боја со голема брзина влетал од улицата на тротоарот.
Од силината на ударот студентката се нашла на покривот на автомобилот, кој продолжил да се движи носејќи ја на покривот триесетина метри пред да падне на земјата, покажуваат снимките објавени на социјалните мрежи.
Блокадите на факултетот беа иницирани токму поради насилството на кое беа изложени студентите на Факултетот за драмски уметности кога на 22 ноември, додека им оддаваа почит на жртвите од новосадската трагедија, беа нападнати од неколку лица, кои подоцна беа идентификувани како членови и функционери на владејачката Српска напредна партија, анализираат медиумите во регионот.
Според написите, насилството врз студентите и учесниците на протестот беше повторено уште неколкупати додека највисоките владини функционери ги нарекоа студентите странски платеници, а блокадите обид за обоена револуција.
Полицијата соопшти дека го го пронашла возачот М. П. (38), кој е осомничен дека денеска околу пладне удрил во 20-годишна девојка. Се сомнева дека во возилото имало уште две лица, соопшти МВР.
Според неофицијални информации, студентката е тешко повредена и пренесена во болница. Засега нема официјална изјава за нејзините повреди. Студентите потврдија дека таа е студентка во прва година на Правниот факултет во Белград.