Забава
Џенифер Хадсон сака да глуми во римејкот на „Херкулес“
39-годишната sвезда откри дека сака да ги следи стапките на нејзините колеги од Dreamgirls – Бијонсе, Џејми Фокс, Еди Марфи и Анике Нони Роуз – со улога во игран филм на студиото „Дизни“.
„Ова е забавен факт: сите членови на актерскиот тим на Dreamgirls глумеле во филмови на Дизни“, рече таа во интервју за WIRED.
„Анике, Бијонсе, Џејми, Еди веќе го напарвија тоа. Каде е мојата Дизни-улога?”
И Џенифер го знае само ликот за кој би била совршена – Калиопе во „Херкулес“.
Во меѓувреме, Џенифер доби многу пофалби за улогата на покојната икона на соул-музиката Арета Френклин во биографски филм „Респект“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Искрени се: хороскопски знаци кои речиси никогаш не лажат
Искреноста е една од најважните човечки доблести. Во свет каде што понекогаш е тешко да се изгради доверба, особено се ценети луѓето кои не се плашат да ја кажат вистината, дури и кога е непријатно. Таквите луѓе често оставаат впечаток на веродостојност, а нивните зборови имаат тежина бидејќи се ослободени од манипулации и прикривање. Иако сите понекогаш прибегнуваме кон мали бели лаги, одредени хороскопски знаци ретко ќе ја кријат вистината или ќе манипулираат со другите, бидејќи веруваат дека вистината е секогаш вистинскиот избор.
Бик
Практични и приземни, Биковите не чувствуваат потреба да ја разубавуваат вистината. Нивниот директен пристап кон животот се одразува и во нивната комуникација со другите. Тие веруваат дека довербата се гради преку искреност, што значи дека секогаш го кажуваат она што навистина го мислат.
Девица
Девиците се познати по нивната прецизност и аналитички ум, што значи дека не сакаат да ги комплицираат ситуациите со лаги. Нивното чувство за морал и ред ги охрабрува да бидат искрени, иако понекогаш може да изгледаат брутално во нивното презентирање на фактите.
Стрелец
Стрелците се познати по нивната отвореност и љубов кон вистината. За нив чесноста е основата на слободата, па не сакаат никаква манипулација. Иако нивната директност понекогаш може да биде премногу за луѓето кои се почувствителни, Стрелците секогаш го кажуваат своето мислење.
Водолија
Водолиите ја ценат автентичноста пред се и не гледаат смисла да се преправаат. Нивната искреност произлегува од верувањето дека отворената комуникација и вистината се клучни за подобар свет. Тие секогаш ќе ја изберат вистината, дури и кога е непријатна.
Јарец
Јарците се познати по нивната одговорност и почитување на принципите. За нив лагите претставуваат непотребна слабост, па затоа избираат искреност, дури и во тешки ситуации. Тие веруваат дека долгорочните врски се одржливи само со доверба што произлегува од вистината.
Забава
(Видео) На позната актерка и е дијагностициран редок синдром: „Затоа тренирам секој ден“
Актерката Енди Мекдауел (66) неодамна се појави во ток-шоуто на Дру Баримор, каде откри дека и бил дијагностициран синдром на пириформис. Станува збор за синдром во кој пириформисниот мускул притиска на ијатичниот нерв, предизвикувајќи болка или вкочанетост во задникот.
„Мислев дека ќе морам да направам операција на колкот. Фала богу моите колкови се во ред“, коментираше Енди. По дијагнозата почнала да работи со личен тренер за да се ослободи од болката и тренира секојдневно.
„Морам да работам на мојот задник и моите колкови. Тоа го правам секој ден. Тоа е чудо, навистина е“, истакна актерката.
Таа се осврна и на приватниот живот, велејќи дека го напуштила Холивуд и се преселила во Јужна Каролина. Рекла дека таму живее во заедница со многу луѓе на нејзина возраст и дека и е полесно да наоѓа нови пријатели.
Да потсетиме, Мекдауел неколку пати нагласи дека стареењето не и пречи. Не ја покрива седата коса и не ги крие брчките, што многумина го сметаат за освежување во Холивуд. Таа еднаш призна дека се смее кога некој ќе и каже дека изгледа постаро од порано.
Забава
Џејми Фокс раскина со 26 години помладата девојка
Џејми Фокс (57) раскина со својата девојка Елис Хакстеп (31), пренесува „Пипл“. Веста ја потврдија повеќе извори блиски до поранешната двојка, а причината за раскинувањето се уште не е позната.
Не се знаеше многу за нивната врска. Тие првпат беа поврзани во 2022 година, кога беа видени како разменуваат нежности на јахта во Кан. Нејзиниот идентитет, сепак, тогаш не беше познат.
Пет месеци откако Фокс заврши во болница, во септември 2023 година, „Пејџ Сикс“ доби фотографии на кои се гледа парот како се држи за раце во одморалиштето Кабо Сан Лукас.
Биле видени и како се бакнуваат на улиците на Лос Анџелес, како и на вечера во ресторан. Последен пат заедно беа фотографирани во октомври 2024 година на одмор во Мексико. Фокс претходно беше во врска со Кејти Холмс, со која раскина во 2019 година, по шест години.