Забава
„Спенсер“, филмот за принцезата Дијана пристига во ноември
2022 година ќе одбележи 25 години од трагичната и прерана смрт на Дијана, принцезата од Велс. По повод оваа тажна годишница, соодветен е тајмингот за нов поглед на нејзината животна приказна, а тоа ќе ни го овозможи претстојниот филм „Спенсер“, чија премиера е закажана за ноември.
Првично планиран за објавување во 2022 година, сега е поместен напред како кандидат за сезоната на награди.
Филмот го напиша Стивен Најт, а го режира Пабло Ларејн.
Филмот, меѓу другото, ќе прикаже како се чувствувала принцезата Дијана за време на божиќните празници во Сандрингем во 1991 година. Според режисерот на филмот, Пабло Лорен, Дијана за време на оваа посета на кралската резиденција во Норфолк одлучува да го напушти Чарлс, кој го глуми Џек Фартинг.
Кристен Стјуарт ја портетира принцезата Дијана во филмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тежат по шест милиони долари – кои се најбогатите деца актери во светот
Иан Армитаџ и Обри Андерсон-Емонс се најбогатите детски ѕвезди на денешницата.
16-годишниот Иан се прослави со улогата на Шелдон Купер во серијата „Младиот Шелдон“, спин-оф на мегапопуларната „Теоријата за Биг Бенг“. Таа улога ја добил кога имал само девет години.
Серијата беше режирана од Чак Лор и Стивен Моларо, а се емитува од 25 септември 2017 година. Во текот на шесте сезони на серијата, Армитаџ стана богат.
„Селебрити нет ворт“ известува дека Армитаџ заработувал 30.000 долари (околу 28.000 евра) по епизода во првата сезона, а неговата плата малку се зголемувала како што напредувала серијата.
Неговото богатство е околу шест милиони долари, што го прави најплатениот детски актер во светот.
„Глумам седум години, па веќе не го чувствувам предизвикот да глумам. Работам секој ден. Поминувам низ фризурата и шминката, облекувам чевли и влегувам во карактерот. Ќе биде интересно да се види што ќе играм следно“, рече тој во една прилика.
Актерката Обри Андерсон-Емонс (17), која се прослави со улогата на Лили во „Модерното семејство“, која се емитуваше од 2009 до 2020 година, имаше само четири години кога почна да ја игра оваа улога.
Таа сега вреди 6 милиони долари, исто колку и Армитаџ. Нејзината плата по епизода првично беше 35.000 долари (околу 33 илјади евра), но по 2018 година се зголеми на 70.000 долари (околу 66 илјади евра) по епизода.
„Искрено, само по тоа сум позната. Луѓето често ме препознаваат. Тие велат: „Чекај, дали ти си тоа девојче од Модерното семејство? „Тоа е чудно. Дефинитивно понекогаш влијае на мојот секојдневен живот“, изјави.
Забава
(Видео) Аријана Гранде држеше ананас во текот на цела емисија, па си го смести на совозачкото седиште во автомобилот
Пејачката и актерка Адријана Гранде држеше ананас во раката за време на нејзиното појавување во шоуто на Греам Нортон, што привлече внимание и насмеа многу гледачи.
Таа дојде во шоуто само неколку часа откако филмoт во којшто глуми „Злобница“ (Wicked) доби 10 номинации за Оскар, а таа беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога. Поради оваа причина, познатиот актер Вил Ферел реши да се пошегува и со оглед на тоа што овогодинешното доделување на наградите се одржува на 2 март, да и подари нешто што „дотогаш ќе ја задоволи“.
Водителот Греам Нортон и честиташе за успехот, а додека сите во студиото ракоплескааа, Ферел стана и извади ананас од чинијата со овошје.
„Ова изгледа како номинација“, се пошегува тој додека и го подаваше ананасот. Аријана Гранде му се заблагодари и гордо го покажа на публиката.
„Го ценам тоа, благодарам“, рече таа низ смеа.
Во текот на целата емисија не го испушташе од раце, па дури и го понела дома со себе. Нејзиниот стилист подоцна објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како Аријана го чува ананасот на совозачкото седиште, па дури и ставила појас врз него.
Многумина се пошегуваа во коментарите под видеото објавено на „Јутуб“.
„Има што да стави на полица, ако не добие Оскар“, напиша некој.
„Ова е толку глупаво што е всушност смешно“, „Не ми се верува дека само ја гледав Гранде како држи ананас во раката час и половина и сериозно зборува за номинациите за Оскар“, „Таа е толку симпатична. Заслужи Оскар. “, се вели во дел од коментарите.
Забава
Луѓето родени во овие знаци се вистинската дефиниција за нежност
Хороскопот секогаш успева да не изненади со своите сознанија за нашите личности, дури и со оние мали особини кои можеби самите не ги забележуваме. Сепак, некои хороскопски знаци се издвојуваат по својата нежност и способност за разбирање. Ако некогаш сте се нашле во нечија топла прегратка додека тој внимателно ве слушал, можно е да сте запознале претставник на некој од овие знаци.
Рак
Раковите се како жив мелем за душата. Ако ви треба рамо за плачење, Ракот ќе ви го обезбеди пред воопшто да го спомнете проблемот. Тие се како топло ќебе во студена ноќ – секогаш тука да ве заштитат, да ве утешат и да ве опсипуваат со внимание. Нивната нежност доаѓа од длабоката поврзаност со сопствените емоции. Раковите сакаат да ги „лечат“ другите со своето внимание и разбирање, а нивната грижа често оди рака под рака со повремената чинија топла храна – бидејќи за Ракот љубовта доаѓа спакувана со внимателно подготвен оброк.
Риби
Кога би можеле да замислите нежност во човечки облик, тоа би биле Риби. Нивната емпатија и интуиција ги прават вистински волшебници кога станува збор за разбирање на чувствата на другите луѓе. Рибите секогаш се трудат да внесат светлина во животите на другите – без разлика дали тоа е преку убави зборови, уметнички израз или едноставно нивното присуство. Тие имаат неверојатна способност да слушаат и често ќе забележите дека ви го посветуваат целото внимание, без осудување. Рибите се сонувачи кои веруваат во убавината на светот, а нивната нежност делува како потсетник дека после дождот доаѓа сонце.
Вага
Вагите ја отелотворуваат хармонијата и топлината во секоја акција што ја преземаат. Нивната благост доаѓа од длабокото чувство на рамнотежа и потребата секој да биде среќен. Во конфликтите тие се оние кои ги смируваат тензиите со својот смирен глас и топлата насмевка. Кога Вагите се со вас, се чувствувате како најважната личност на светот бидејќи тие имаат неверојатна способност да ви дадат чувство на мир и сигурност. Нивната љубезност и суптилниот начин на изразување нежност оставаат траен впечаток.