Забава
Девојка тврди дека Р. Кели ја терал да се облекува како извидник
Клучен сведок на обвинителството против Р. Кели на судењето за сексуална злоупотреба го продолжи своето сведочење во четвртокот (19 август), откривајќи дека аренби пејачот ги снимaл нивните сексуални активности и инсистирал таа да се облекува како извидник.
Џерхонда Пејс (28) е една од шесте жени за кои обвинителите велат дека Роберт Силвестер Кели, познат по свото уметничко име Р. Кели, ги манипулрал и барал од нив апсолутна посветеност во текот на дводецениската шема на рекетирање и злоупотреба на своите жртви.
Пејс, поранешна обожавателка на Кели, која тврди дека ја злоупотребувал кога имала 16 години, изјави пред обвинителот во федералниот суд во Бруклин дека од неа се барало да ги почитува, како што рече, „правилата на Роберт“.
Таа наведе некои од правилата до кои морала да се придржува: треба да добие дозвола да оди во тоалет, да го испочитува Кели кога влегува во соба и да го вика „тато“.
Пејс сведочи дека Кели сакал косата да ѝ биде направена со плетенки за нивните средби и да се облекува како извидник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Никол Кидман и се додворува познат милијардер: на актерката и се насмевнува нова љубов?
Славната Никол Кидман изгледа подобро од кога било во кариерата, се согласуваат многумина. Пред пет месеци, таа официјално се разведе од музичарот Кит Урбан, со кого беше во брак 19 години и со кого има две ќерки.
Животот продолжува, за што сведочи и фактот дека Кит Урбан веќе пронашол нова љубов, а Никол ужива во својот сингл живот – засега. Сепак, можеби нема да остане сама долго, бидејќи наводно и се додворува влијателниот бизнисмен Пол Салем, кој им признал на своите блиски пријатели дека би сакал да ја запознае, пишува Дејли Меил.
Двајцата наводно имаат многу заеднички пријатели и досега се сретнале двапати, но официјално не се запознале, ниту разговарале.
Пол Салем е исто така разведен и е татко на четири ќерки со неговата поранешна сопруга Навин, со која го заврши бракот во 2021 година.
Тој е претседател на одборот на директори на MGM Resorts International, ко-сопственик на бејзбол тимот Worcester Red Sox, а со децении беше еден од лидерите на инвестициска фирма.
Никол Кидман и Кит Урбан постигнаа конечен договор за развод минатиот месец, откако актерката поднесе барање за развод во септември минатата година. Според извештаите, тие го постигнале договорот без поголеми несогласувања, а не е познато дали имале предбрачен договор.
Забава
(Фото) Една од најубавите жени во светот го поддржа својот сопруг во секси облека
Актерката Ева Мендес е во врска со актерот Рајан Гослинг од 2011 година, со кого тајно се омажи во 2022 година, а денес тие се сметаат за еден од најхармоничните познати парови кои изградиле многу стабилен семеен живот.
Познато е дека убавата Ева е меѓу најголемите обожаватели на својот сопруг до ден-денес, а тоа го докажа со објавување на серија црно-бели фотографии на Денот на вљубените на кои позира во кревет, облечена само во маица.
И не е било каква маица, туку една со ликот на Рајан Гослинг, а со овој гест го поддржа неговиот најнов филм „Project Hail Mary“.
Маицата е неколку броеви поголема, но дури и во неа Ева Мендес изгледа неверојатно секси, па, како што се очекуваше, на Инстаграм следеше лавина од комплименти.
И не е прв пат таа да го поддржи својот сопруг на овој начин, бидејќи ова е убава традиција за познатиот пар – да се поддржуваат еден со друг на овој начин – со одбрани маички.
Забава
(Фото/Видео) Ќерката на Синди Крафорд остава без зборови во „гол“ фустан
Моделот Каја Гербер, ќерка на познатата мајка Синди Крафорд, се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Independent Spirit“ во смел фустан во кој изгледаше божествено, докажувајќи дека е свесна за модата и е вистинско олицетворение на еден од најбараните модели на сите времиња.
@voguespain #KaiaGerber y la demostración de que un vestido con transparencias puede ser el look más sofisticado. La modelo y actriz estuvo anoche en los Independent Spirit Awards ✨ #SpiritAwards #modaentiktok ♬ original sound – nj.audios
Каја избра целосно транспарентен, тесен фустан од чипка без ракави кој ја истакна нејзината совршена фигура, а тоа смело модно парче е од престижната куќа „Живанши“.
Во впечатлив фустан, таа привлече и погледи и воздишки, и самоуверено позираше за фотографите и снимателите, вешто правејќи ги најдобрите пози.
Фустанот доаѓа од колекцијата пред есен 2026.

