Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги откри имињата на дел од кандидатите за градоначалници

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција посочи дел од кандидатите за градоначалници на партијата за следните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.
Меѓу најзвучните имиња соопштени денеска беа актерот Тони Михајловски кој ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово, како и кандидатот за општина Бутел, каде што претставник на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Дарко Костовски, тренерот на македонската теквондо репрезентација.
Меѓу останатите кандидати за градоначалници кои денеска ги претстави Мисајловски се:
Александар Стојкоски – Oпштина Ѓорче Петров
Жарко Ристевски – Општина Македонски Брод
Дејан Владев – Општина Свети Николе
Димчо Атанасовски – Општина Македонска Каменица
Елеонора Рашковска – Општина Берово
Зоран Здравевски – Општина Чашка
Киро Нацков – Општина Градско
Маријан Миленковски – Општина Пробиштип
Миле Петков – Општина Виница
Александар Китански – Општина Пехчево
Бошко Цветковски – Општина Лозово
Виктор Паунов – Општина Карбинци
Далибор Ангелов – Општина Облешево
Коста Маневски – Општина Зелениково
Никола Најдовски – Општина Демир Хисар
Мевмед Џафери – Општина Маврово Ростуше
Кирил Пецаков – Општина Охрид
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
Македонија
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, нема пријавени штети, соопшти ЦУК

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица, информираат од таму.
„Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби“.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.
Според информацијата, во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 Градско – Прилеп од раскрницата кај бензинската станица Лукоил до клучката кај бензиската станица Салида.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.