Македонија
Царовска: Училиштата се подготвени за враќање на учениците
Отворањето на училиштата за настава со физичко присуство е најпосакуваната одлука што ја донесовме во врска со организирањето на новата учебна година, која, за жал, се организира во услови на пандемија.
Од наставата со физичко присуство нема подобра опција за учениците, а тоа е и препораката на УНИЦЕФ, на ОЕЦД, рече министерката за образование Мила Царовска, којашто денеска го посети ОУ„Климент Охридски“, во Драчево, едно од 15-те училишта каде што УНИЦЕФ и УСАИД донираа 50 тина станици за миење раце.
„Училиштата се подготвени за враќање на учениците во училишните клупи. За да се спречи ширењето на Ковид-19 во училиштата потребна е максимална одговорност и почитување на планот и протоколите што ги усвоивме од страна на сите учесници во воспитно-образовниот процес, од ученици, наставници, родители, од општините, а секако да бидеме и одговорни и надвор од училиштата“, нагласи Царовска.

На настанот освен министерката присуствуваа и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, директорот на УСАИД, Ерик Јановски, и Филип Темелковски, градоначалник на Кисела Вода.
Ди Џовани и Јановски ја поздравија владината одлука за отворањето на училиштата во новата учебна година за сите ученици.
„Сметаме дека училиштата се подготвени за држење настава со физичко присуство. Тоа го покажаа и нашите анализи според кои минатата година дури 88 % од наставниците се изјаснија дека учениците немале потешкотии и доследно ги почитувале протоколите за заштита“, рече Ди Џовани.
Мобилните станици за миење раце имаат канистери за вода, сапун и крпи за раце.
УНИЦЕФ донираше педесет и две станици на 15 училишта, со финансиска помош од УСАИД.

Училиштата ги посочија Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат како критични според капацитетите за вода, санитација и хигиена. Изборот на училиштата беше направен врз основа на наодите од алатката за самопроценка изработена од Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат, со поддршка на УНИЦЕФ.
Оваа алатка ги интегрира напорите за проценка меѓу ИЈЗ и Државниот просветен инспекторат, а ги вклучува препорачаните прашања на СЗО за проценка на капацитетот за вода и санитарно-хигиенски услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

